Во северна Америка и Канада, во Британија, Германија, Франција и Белгија, но и Србија, Хрватска, БиХ и Словенија, се проширила штетна и агресивна билка Heracleum mantegazzianum (на англиски Giant Hogweed), позната и како гигантски свински плевел, или гигантски кравји магдонос, која е многу опасна за луѓето. Ако само се допре листот, на тоа место се појавува црвенило и јадеж, а во рок од 48 часа рани кои личат на изгореници. Ако сокот од оваа билка продре во окото предизвикува привремено или трајно слепило! Го предизвикува присутност на дериватот линеарен фурокумарин во листот, коренот, стеблото, цветот и семето. Кога ќе влезе во јадрото на епителните клетки, формира врска со ДНК и предизвикува клеточна смрт. Само во Германија, каде што оваа билка станала вистинска напаст, годишно се регистрираат околу 16 000 жртви. Ако кожата била изложена на оваа билка, треба брзо и темелно да се измие со ладна вода и сапун, да се заштити од сонце неколку дена (билката е фототоксична) и да се посети лекар. Инаку, оваа билка од фамилијата Apiaceae води потекло од Кавказ и од средна Азија, многу тешко се истребува, па затоа е важно да се знае како изгледа и да се заобиколува! Може да порасне до два или пет метри. Личи на обичен свински плевел (Heracleum sphondylium) и на Angelica archangelica.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци