Фармацевти
Контакт

<< Назад

КРЕМИ ЗА ЛИЦЕ СО SPF ФАКТОР

јуни 1, 2018

Правилен избор за адекватна заштита

 

Нашето лице е изложено на дејството на сончевата светлина во текот на целата година, затоа е неопходно да му обезбедиме соодветна нега и заштита.

 

Автор Весна Марковиќ

 

Секојдневната изложеност на клетките на кожата на штетните зрачења остава долготрајни последици кои се акумулираат во текот на животот. Лицето е дел од нашето тело кое е најизложено на штетното дејство на УВА и УВБ зрачења, затоа мораме да му посветиме посебно внимание во рамките на секојдневната нега. Заштитата од штетни дејства, со превенција на ефектот на фотостареење, се постигнува со примена на козметички препарати со SPF фактори и УВА/УВБ филтри, усогласени со ЕУ стандардите.

 

Што означува бројот на SPF фактор?

Ознаката со број до кратенката SPF (Sun Protection Factor) се однесува на дозата на зрачење која предизвикува црвенило на кожата заштитена со препарат во однос на незаштитената. Она што е навистина битно е дека поголема вредност значи подобра заштита. Оваа вредност се однесува само на заштита од УВБ зрачење. Многу висок заштитен фактор SPF 50+ се препорачува на оние кои имаат чувствителна кожа, како и по примена на хемиски пилинг. Лицата со нормална кожа и потемен тен може да користат креми со висок заштитен фактор, SPF 30 ‒ 50.

 

Дали фактор 100+ значи дека сме 100% заштитени?

Не, ниту еден препарат не дава апсолутна заштита. Ознаката SPF 50+ се однесува на препарат кој ги блокира 93% од УВБ зраците. SPF 30 запира 97%, SPF 50 ‒ 98%, и тоа под услов да е нанесен во доволна количина, што за лице е околу пола кафена лажичка. Дури и тогаш е потребно да се побараат оние средства кои даваат заштита во широк спектар (УВА ознака). Посебно обратете внимание на заштитата на кожата околу очите и усните. Секако, неопходно е да се придржувате кон советите за дополнителна заштита, како што е носење шешир со широк обод и очила за сонце (водете сметка за изборот на квалитетни стакла). Заштитете го и деколтето, кожата на вратот и рацете, и задолжително ушите.

 

Дали прво да ставам хидратантен крем?

Кремите за нега на лицето со заштитен фактор обично имаат дополнителни хидратантни својства, а често се збогатени и со различни состојки против стареење. Доколку веќе ставате некој дополнителен крем, направете го тоа пред ставање на заштитниот слој. Кремите со цинк оксид и титаниум диоксид даваат моментна заштита, додека при нанесување крем со синтетички филтри мора да почекате дваесетина минути пред изложување на сонце.

 

Три вида ултравиолетово зрачење

УВА зраците сочинуваат до 98 % од вкупното зрачење, и на нив сме изложени во текот на целата година со приближно еднаков интензитет, дури и кога е облачно. Овие зраци продираат длабоко во кожата, предизвикуваат промена на структурата на колагенските влакна, појава на брчки, пореметувања во пигментацијата, алергиски реакции, создавање слободни радикали, а имаат улога и во појава на рак на кожа.

УВБ зраците се поинтензивни, предизвикуваат изгореници, поврзани се со појавата на сончаница и катаракт. На нив најмногу сме изложени од април до октомври, во период од 10 до 16 часот. Двете видови зрачења предизвикуваат промени во генетскиот материјал на нашите клетки.

УВЦ зраците ги апсорбира атмосферата пред да стигнат до нас, што е среќна околност, бидејќи се смртоносни.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>