Фармацевти
Контакт

<< Назад

КРЛЕЖИТЕ НЕУМОРНО НАПАЃААТ

мај 1, 2018

Мало каснување, голем проблем?

Aвтор: Владимир Пантиќ

Убавите и сончеви денови просто нè мамат секој слободен момент да го поминеме во природа со своите најблиски. Меѓутоа, тоа лесно може да се претвори во проблем. Предизвикувач на бројните пролетни и летни неволји е малиот здодевен – крлеж.

Крлежите се преносители на многу заболувања, од кои некои можат да имаат и многу сериозни последици. Лесно црвенило на местото на каснување не претставува сигнал за опасност. Ако после каснувањето на местото се појави прстенесто црвенило кое може да биде проследено со исип, зголемена температура, главоболка, мачнина, болки во мускулите и зглобовите, со општа слабост на организмот, тогаш мора веднаш да посетите лекар. Овие симптоми можат да се појават и после една до две недели.

Дали сите крлежи се опасни?

Каснувањето од крлеж кој не е заразен само по себе не претставува опасност. Дури ни каснување од заразен крлеж не значи дека ќе се разболите. Шансите за штетното дејство на предизвикувачите на болести дополнително се намалуваат доколку крлежот се отстрани во првите 24 часа откако се закачил за вас. Внимателно со помош на пинцета фатете го за горниот дел од телото, што поблиску до кожата. Потоа со нежни движења извлечете го „одвртувајќи го“ како светилка. Доколку не сте сигурни дека сте доволно вешти за овој потфат, посетете го својот лекар или фармацевт.

Од каде демне опасноста?

Крлежите најчесто демнат во висока неискосена трева. Тие имаат посебни рецептори со помош на кои реагираат на јаглерод диоксид, амонијак и останати хемиски соединенија кои ги ослободуваме како производ на нашиот метаболизам. Исто така, знаат и да паѓаат од ниски крошни, во обид да се закачат за извор на храна.

Како да се заштитиме?

При престој во природа би требало да носите облека со долги ракави и ногавици. Облеката која ќе ја соблечете не би требало да ја спуштите директно на тревата и околните грмушки. Понесете простирка импрегнирана со репеленти и акарициди, препарати кои ги одбиваат и ги елиминираат крлежите. Консултирајте се со фармацевт за изборот на репеленти кои ќе ги нанесете на кожата. По враќањето дома задолжително добро прегледајте ја облеката и целото тело.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>