Фармацевти
Контакт

<< Назад

Кросфит

јануари 4, 2016

[vc_column width="1/1"]

Тренинг со висок интензитет

Игор Тица

Иако изворно е спорт кој многу бара, кросфитот ги освои и филмските ѕвезди, како Бред Пит и Џејсон Стејтон, кој пред глумата тренирал боречки вештини и скокање во вода, и Ченинг Тејтум, познат по дисциплинираното вежбање и здравата исхрана

Според една верзија кросфитот (crossfit) изворно е програма за вежбање осмислена пред четвртина век за американските војници, со цел со напорните тренинзи со висок интензитет, кои даваат брзи и добри резултати, да се унапреди физичката подготвеност на војската. Според друга верзија, CrossFit го осмислиле и регистрирале Грег Гласман и Лорен Џенаи во 2000 година во Калифорнија, како нов начин на динамично вежбање кое комбинира повеќе спортски дисциплини, како тренинг на скокови и кревање тегови, качување со јаже, гимнастичко одржување рамнотежа, сè до превртување тешки камионски гуми.

Иако изворно е спорт кој многу бара, кросфитот ги освои и филмските ѕвезди, како Бред Пит и Џејсон Стејтон, кој пред глумата тренирал боречки спортови и бил еден од најдобрите скокачи во вода на британската репрезентација (три пати трето место на олимписки натпреварувања, 12 место на Светско првенство во 1992).

Вљубениците во кросфит велат дека дава подобри резултати од класичното вежбање во теретана, бидејќи подобрувањето на мускулатурата, кардиореспираторната издржливост и флексибилност, се гради со динамична комбинација на атлетика, гимнастика, пливање, велосипедизам и кревање тегови. За само еден интензивен тренинг може да се согорат и до 1000 калории, што го издвојува од останатите фитнес-програми. Поради напорот кој вежбачот на кросфит треба да го вложи во своите тренинзи, многу е важно пред почнување да се консултира со лекар за своето здравје, со тренерот за кондицијата и самата програма, како и со нутриционист за исхраната.

Од друга страна, токму големиот избор на различни спортски дисциплини кои се вклучени во тренирање кросфит може да биде препорака и за почетниците, под услов да се вклучат во добро осмислена почетничка програма и да вежбаат под контрола на тренер. Најдобро е кога програмата е индивидуално приспособена, а интензитетот и динамиката на вежбање се осмислени по мерка на вежбачот, почнувајќи од работа со тегови, преку гимнастика, до кардиотренинг.

Опрема и вежби

Кросфитот не бара скапа опрема, бидејќи дури и најтешките спартански тренинзи, можат да се работат со автомобилски и камионски гуми, синџири, бетонски тегови и евтини јажиња за прескокнување. Фановите велат дека може да се вежба дома и во парк, па одењето во скап фитнес-центар не е неопходно. Типичниот тренинг обично содржи трчање на 400 метри, кревање тегови, склекови со големи број повторувања.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>