Фармацевти
Контакт

<< Назад

Кучето како терапија

септември 29, 2015

[vc_column width="1/1"]

Специјално обучени кучиња за терапевтски цели се дресирани за да покажат љубов на луѓето во болниците и во домовите за стари лица. Се покажало дека при милување со „најстариот човеков пријател“ на пациентите им опаѓа нивото на анксиозност и адреналин, се намалува бројот на отчукувања на срцето и се намалува крвниот притисок. Контактот со куче го подига нивото на ендорфин, кој влијае на намалување на болките и стресот. Во 1980 година научникот Фридман ги споредувал стапките на преживување кај луѓе после срцев удар кои имале куче и оние кои немале, и открил дека сопствениците на миленици живеат подолго. Во 1992 година во Австралија биле испитувани 5 700 луѓе и резултатот покажал дека мажите кои биле во секојдневен контакт со куче имале понизок притисок, холестерол и триглицериди. Канадскиот психијатар Борис Левинсон заклучил дека кучето им дава сигурност на децата во терапиското опкружување и го забрзува процесот на лекување. Истражувањето од 1998 година на Баркер и Давсон покажало дека кучињата ја намалуваат анксиозноста кај пациенти со депресивни и психотични проблеми.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>