Фармацевти
Контакт

<< Назад

Куглање

ноември 23, 2015

[vc_column width="1/1"]

Уживање во добра партија

Александар Вучковиќ

Во 30-тите години на минатиот век куглањето на девет кегли во повеќе градови во САД било забрането, бидејќи работниците повеќе сакале да одат на куглање отколку на работа...

Куглањето е и спорт и забава. Куглаат луѓе од 7 до 77 години, мажи и жени, со тоа што мажите можат посилно да ја фрлат куглата и да предизвикаат појака ротација. Стручњаците го препорачуваат куглањето како добра рекреација која опушта после напорен и стресен ден. Се смета дека покрај тимскиот дух ја јакне концентрацијата и координацијата на движењата, како и мускулите на рацете, нозете, стомакот и грбот.

Во Европа најмногу се игра куглање на 9 кегли, а првенствата за професионалци се одвиваат секоја година. Љубителите на куглање велат дека обично се почнува така што се оди во некоја од многубројните сали со друштво, пред или после кино или ресторан. За да се совлада основната вештина, доволни се неколку тренинзи, сето останато е рутина во која се гради сè подобра координација на движењата. Целта на играта е едноставна. Со куглата треба да се погодат кеглите наредени на крајот на стазата за куглање и да се урнат што повеќе, по можност сите.

Игри за благородништвото
Луѓето од многу одамна сакале да се натпреваруваат во куглање. Во музејот во Оксфорд се чуваат четири камени кугли, девет конусни кегли од алабастер и троделна капија од мермер, стари неколку илјади години. Ги открил сер Флиндерс Петри, британски археолог, во 30-тите години на минатиот век во египетска гробница кај градот Луксор. Археолозите велат дека и древните Полинежани сакале да се куглаат и тоа на стази со иста должина како и денес – 18, 228 метри.

Се смета дека во Европа го донеле римските легионери, а дека во Америка куглањето го пренеле холандски, германски и англиски доселеници пред 4 века. Пишаните извори потврдуваат дека куглањето го сакал и англискиот крал Хенрик VIII (1491-1547), кој важел за сестрано лице, се занимавал со спорт и бил вешт музичар и поет. Во негово време куглањето било резервирано за благородништвото.

Меѓутоа, неговиот претходник, кралот Едвард III (1312-1377), им забранувал на своите војници да губат време куглајќи се, наместо да вежбаат стрелаштво. Вплеткан во војна која подоцна го добила името Стогодишна војна, Едвард III станал познат и по воведување нов витешки ред „Ред на витези на жартиери“ (The Knights of the Garter), на кој £ самиот му припаѓал.

Во Германија многу била популарна играта kegelspiel, во која играчите тркалаат мали дрвени кугли кон 9 кегли, поставени во квадратна формација. Се смета дека првата опремена куглана во Русија е отворена во составот на хотелот Cosmos во Москва, во 70-тите години на минатиот век. Инаку, Русија е 110 членка на Меѓународната куглашка федерација.

Во Европа постојат три вида куглање на 9 кегли и тоа: classic (NBC), bohle (NBB) и schere (NBS). Најпопуларно куглање е classic, застапено во најмногу земји. Главна организација е FIQ (Fédération Internationale des Quilleurs), задолжена за куглање на 9 и 10 кегли, основана 1952 година со цел да ги застапува интересите на сите куглари во светот. FIQ има национални федерации во сите 5 олимписки зони, 100 милиони членови, 10 милиони натпреварувачи и повеќе од 250 000 стаза за куглање. Поради тоа се вели дека куглањето е еден од најголемите и најдобро организираните спортови во светот.

Бонтон во куглање

Денес куглањето вклучува и општи правила на однесување, кон кои би требало да се придружуваат и почетниците-рекреативци во оваа игра. Тоа се:

Правила на игра

Постојат два система на куглање и тоа со 9 или 10 кегли, со тоа што вториот се нарекува „американски“. Исто така, и куглите можат да бидат со различни димензии, но секогаш имаат три отвори за прстите. Препорака е куглата секогаш да се крева со две раце, бидејќи нејзината тежина може да излаже. Куглите се со различна тежина, која секогаш е означена на куглата. Колку е поголем бројот, куглата е потешка. Треба да се избере тежина на куглата која може да се држи со леснотија. Кога избирате кугла, палецот мора удобно да се приспособи на дупката за палец и со леснотија да се извлече од дупката. Во кугла со претесни дупчиња прстите можат да заглават.

Кеглите, со помош на машина, се редат во четири реда, така што со обликот формираат триаголник. Во првиот ред има една кегла, во вториот две, во третиот три и во четвртиот четири. Кеглата во првиот ред е означена како број еден, а последната десна како број десет. Растојанието помеѓу кеглите изнесува 30 см и само во целост бутната кегла се смета во остварени поени.

Стазата за куглање е долга 18 метри (18,28 – 18,30 метри), а широка помеѓу 1,04 и 1,07 метри. Стазата за куглање е намастена, па играчот може да се лизне и да се повреди. Поради тоа се користат специјални чевли. Bowling чевлите имаат посебни ѓонови од кожа, кои овозможуваат лесно лизгање на залетиштето. Исто така, со специјалните чевли се штити стазата од оштетувања кои можат да ги предизвикаат обичните чевли.

Една партија се состои од 10 рамки (frame), а целта е да се бутнат што повеќе кегли. Во секоја рамка играчот фрла два пати, а максимален број на поени е 300. Клучните зборови кои ги користат играчите се: strike, spare и split.

Strike се однесува на ситуација кога играчот од првото фрлање ќе успее да ги бутне сите кегли и рамката се завршува. Ако играчот оствари два strike по ред, тоа се нарекува double, а ако оствари три turkey.

Spare е термин кој ја опишува ситуацијата кога сите кегли се бутнати дури во второто фрлање на куглата во рамката.

Split е ознака за состојба во играта во која после првото фрлање кеглите останале на значително растојание.

Познати куглари

Првиот играч кој на натпреварите во куглање успеал да заработи милион долари е леворакиот професионалец Earl Anthony, шест пати играч на годината и 43 пати првак на PBA турнири (Professional Bowlers Association). Walter Ray Williams бил 47 пати првак на PBA, а во периодот 1993-2009 оваа титула ја освоил едноподруго 17 пати.

Во филмот A League of Ordinary Gentlemen од 2004 можат да се видат и бројни архивски снимки од кугларскиот спорт од 50-тите и 60-тите години на минатиот век, настојувања на средовечните куглари да го ревитализираат овој спорт на крајот на 20 век, како и драмата на PBA првакот да истурка уште една сезона, иако бил победник на дури 20 PBA турнири.

Држење и фрлање

Почетната положба е четири и пол чекори од линијата на престап (Foul line). Играчот треба да биде опуштен, а тежината на телото е на левата нога (на десната за левораките). Куглата се држи во дланката на раката за исфрлање и се потпира до другата рака, на страна, во средна висина на телото. Палецот при исфрлање на куглата треба да биде свртен нагоре. Слободната рака се користи за рамнотежа. Треба да се усогласи замавот на раката со одењето, така што куглата да ја напушти раката кога со левата нога ќе долизгате до линијата за престап.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>