Лек или отровКатарина Туциќ
Кујнската сол е важна за човековото здравје. Нè снабдува со минерали, учествува во метаболизмот на водата, во контракција на мускулното ткиво, ги раствора токсините, а многу физиолошки процеси функционираат добро дури кога во телото има доволно натриум. Кај здравите луѓе вишокот натриум се ослободува преку бубрезите и преку потењето, па количната на сол во нивниот организам е константна. Поради тоа многу е важно да се открие вистинската мера на дневен внес на сол, бидејќи вишокот или недостигот на натриум ја нарушува нашата здравствена состојба.
Просечната количина на сол во 100 г леб и пецива е 1,28 г, во сувомеснатите производи 2,41 г, конзервираната риба има 1,51 г, месото во брзата храна 2,02 г, пицата 1,84 г, грицките како што се солени кикиритки и чипс 2,30 г. Иако потребната дневна доза варира од лице до лице и зависи од старосната доба, физичката активност и здравствената состојба, просечно ни се потребни околу 50 милиграми натриум дневно. Меѓутоа, ако изедеме само едно парче пица до 100 грама, и во истата количина солени грицки, ние дневната доза на сол драстично сме ја зголемиле.
Истражувањата велат дека повеќето луѓе преку храната консумираат околу 5 г сол, што е 10 пати повеќе отколку што ни е потребно. Последиците од прекумерно земање сол може да бидат подуеност и здебеленост (солта ја задржува водата во организмот), проблеми со бубрезите, со кардиоваскуларниот систем и др. Поради тоа нутриционистите препорачуваат исхрана со помалку од 2 г сол на ден, а идеално е околу 50 милиграми.
Солта негативно влијае на нашиот организам и на здравјето и ако е темелно индустриски преработена. За да биде бела, ситна и сува, од солта во текот на производството се отстрануваат минералите и други хранливи состојки. Така преработената сол го зголемува нашиот апетит, па јадеме повеќе отколку што сме гладни, бидејќи нашиот мозок перманентно го контролира присуството на хранливи материи во нашата крв, па ситост чувствуваме дури тогаш кога се регистрирани доволно хранливи материи. Затоа можеме да јадеме солен чипс во огромни количини, дури и кога не сме воопшто гладни.
Поради тоа вистински избор е консумирање непреработена, нерафинирана морска сол, бидејќи во себе има повеќе од 80 различни елементи, здрави за нашиот организам. Рафинираната сол, која е термички обработена на високи температури, не ги содржи важните минерали. Некои од минералите кои ги содржи нерафинираната сол, покрај натриум и хлор се:
– Натриум, битен за функционирање на мускулите и нервниот систем, регулирање на телесните течности и варењето.
– Хлор, кој е база на човечките телесни течности.
– Калциум, кој игра важна улога во минерализација на коските.
– Магнезиум, значаен за менталниот развој, цврстина на аскелетот, метаболизмот на калциум и витамин Ц, забавување на стареењето.
– Сулфур, битен за протеините и енергијата.
– Јод, кој го осигурува производството на хормоните на тироидната жлезда.
– Бром, која ја регулира работата на хипофизата.
– Фосфор, неопходен за работата на мозокот.
– Ванадиум, кој учествува во регулирање на нивото на холестерол.
Намалениот внес на сол е благотворен за крвниот притисок, ја превенира појавата на камења во бубрезите и ризик од остеопороза, помага при елиминирање на целулитот и вишокот течности во организмот и генерално добро влијае на нашето здравје. Храната подготвена од свежи намирници содржи натриум хлорид во количина од еден грам, без дополнително солење. Затоа контролирајте го дневниот внес на сол, и имајте предвид дека замрзнатиот помфрит од 85 грама има до 540 милиграми натриум, а две виршли меѓу 520 и 680.