Фармацевти
Контакт

<< Назад

Лен

март 25, 2016

[vc_column width="1/1"]

Богат извор на минерали и витамини

проф. д-р Радиша Јанчиќ
Linum usitatissimum L. (Linaceae) − лен

Лененото семе содржи А, Ф, Е и Б витамини, омега 3, 6 и 9 масни киселини, како и лецитин, па помага во превенција на срцеви заболувања, мозочен удар, канцер и дијабетес

Припадниците на малото семејство ленови се широко распространети грмушки и зелјести растенија, со големо стопанско значење во светски размери. Помалку познати припадници на ова семејство кои имаат само локално значење се африканските видови Hugonia, чии плодови се јадат и малезиското дрво – Ctenolophon parviflorum, кое се користи како материјал за градење.

Ленот е едногодишно или двегодишно зелјесто растение со краток вретенест корен. Стеблото е високо (30-80 см), исправено, тркалезно, без влакна, обраснато со листови, во горниот дел е разгрането. Листовите се наизменично распоредени, со облик на стрела, долги 2-3 см, широки 2-4 мм, без влакна, зелени или сивозелени. Листот е со зашилен врв, со основа стеснета во дршката.

Цветовите на врвот на стеблото се на долги дршки, во цутови. Чашката и цветното венче се состојат од по пет листови, светлосини, розеви или лила, на врвот заоблени, а кон основата клинесто стеснети и жолтеникави. Плодот е топчеста чушка со многу семе, долга 6-8 мм. Семето е долго до 5 мм, широко до 2 мм, сплескано, од една страна заоблено, од друга стеснето. Има светлокафена боја, сјајно, слузесто и со вкус на масло кога ќе се загризе, без мирис. Цвета од јуни до август.

Самоник е, расте по полиња, покрај патишта и по рабовите на шумите, распространето од рамничарски до алписки подрачја. Се одгледува на плодно земјиште со умерена клима и бара доста вода. Ленот се коси или се корне, а семето се одвојува со удирање. Масното масло се добива со цедење на зрело семе. Ако семето се чува долго и непрописно, почнува да ’рти и тогаш може да биде отровно.

Постојат податоци дека ленот поради маслото се одгледувал пред 6.000 години. Маслото се добива со ладно цедење или со помош на растворувач. Дури после рафинирање и хидрирање може да се користи во исхраната. Лененото масло е бистра течност со златножолта боја, на воздух се згуснува, потемнува, добива горчлив вкус и лош мирис. Се состои од триглицериди на незаситени киселини.

Лененото масло главно се користи за правење бои, лакови, линолеум, меки сапуни и печатарски  бои, во фармацевтската индустрија и како сточна храна. Ленот некогаш бил најважно текстилно растение, а сега е зад памукот. Добивањето ленено влакно е покомплицирано и поскапо од добивање памучни влакна. Старите Египќани носеле облека од лен, завиткувале мумии во ленено платно, а слики од растението можат да се видат на ѕидовите во гробниците. Старите Грци увезувале лен одамна пред христијанството. Ленените влакна се исклучително јаки, цврсти и растегливи. Се употребуваат за изработка на ленен конец, грубо платно, квалитетна хартија, изолациски материјали.

Во исхраната се препорачува консумирање ленено семе поради добрите ефекти за здравјето, зашто е богат извор на минерали, витамини и протеини, има висока содржина од флавоноиди и влакна и богато е со омега-3 масни киселини и алфа линолеинска киселина. Може да се меша со јогурт и да се става во салати и супи и домашни пецива, а се препорачува една од две лажички од семето да се сомелат непосредно пред употреба.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>