Фармацевти
Контакт

<< Назад

Личен тренер

јануари 3, 2017

Потреба или луксузСите се согласуваат дека вежбањето е здраво и корисно, но одењето во теретана за вежбачот-почетник секогаш е збунувачко, и тоа не само поради прашањата како, колку и по кој редослед треба да се користат различните справи. Програмите за вежбање секогаш се индивидуални и зависат од годините, полот, здравствената состојба и кондицијата. Краткото упатство на дежурниот тренер тешко дека е доволно за ефикасно тренирање, па одлуката да се вежба со личен тренер повеќе е потреба отколку луксуз. На тој начин се избегнуваат грешки, а повредите и можноста за неадекватно тренирање се сведуваат на минимум. Сето ова важи под услов личниот тренер навистина да е едуциран и способен  да ги разбере желбите и потребите на вежбачот (да ослаби, да го зголеми тонусот на мускулите итн. ) и да ја усогласи програмата за вежбање со здравствената состојба на клиентот (посета на лекар и сиситематски преглед се подразбираат).

Единствен аргумент против личен тренер е тој што таквата услуга чини многу повеќе од месечна претплата за теретана. Меѓутоа, ако во цената се пресмета и тоа дека со тренерот кој ви е посветен за вложениот труд ќе добиете и вистински резултат, дека нема да му наштетите на своето тело, тогаш е јасно дека таквиот вид помош и поддршка нема цена.

Добриот личен тренер ќе направи програма за вас со согласност со вашите цели и можности, ќе ве научи на техники на дишење при секоја вежба и ќе добиете сигурност за да  избегнете повреди.

Вклучувањето на редовно тренирање во неделната рутина бара и посветување внимание на исхраната. Добриот личен тренер треба да ви даде и совети за тоа како да се храните, дали да земате суплементи и кои, во склад со вашите животни навики, години и тегоби.

Задача на личниот тренер е да го увежбува со вас изведувањето на секоја вежба додека не научите да ја правите правилно. Ако сте посветен и внимателен ученик,  кој притоа и ги запишува упатствата на тренерот (покрај генералната програма која за вас ја направил), ќе бидете во состојба за неколку месеци целата програма да ја изведете сами бидејќи ќе ви прејде во рутина. Улогата на личниот тренер е и да ви држи ритам и внимание, да одржува континуитет во вежбањето, како и да ве бодри да истраете, па за вложениот труд и пари ќе бидете наградени со резултат со кој ќе бидете повеќе од задоволни.

Исто така, почетниците кои не ги води личен тренер може да им се случи да претераат со вежбање, да тренираат повеќе отколку што е потребно, преинтензивно и пречесто, што ја зголемува можноста за повреди и не дава вистински резултати, бидејќи телото мора да има и периоди за одмор. Затоа добриот тренер ќе ви помогне вежбите да ги правите во вистински ритам и да ги вклопите во секојдневниот животен ритам.

Со други зборови, услугата на личниот тренер е повеќекратно корисна и ви дава сигурност и самодоверба постојано да напредувате. Понекогаш и монотонијата во вежбањето може тешко да падне, па задача на личниот тренер е да ја разбие така што ќе ве научи на нови вежби и целата програма ќе ја направи уште поефикасна, а вас помотивирани. Со еден збор, личниот тренер не е луксуз туку потреба, бидејќи има индивидуален пристап, ве мотивира, ви помага да уживате во вежбањето и мислите за здравствените ефекти и ефикасности од вашето вежбање.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>