Фармацевти
Контакт

<< Назад

LIVSANE Магнезиум 400

LIVSANE Магнезиум 400

Прашок за директна употреба / 30 ќесички

Додаток на исхрана со засладувачи

Со вкус на грејпфрут

Mg, B6

 

Додаток на исхрана:

Livsane Магнезиум 400, прашок за  директна перорална употреба е додаток на исхрана со магнезиум и витамин Б6, наменет за нервниот и мускулно-скелетниот систем. Магнезиум придонесува за одржување на нормални коски и нормална мускулна функција. Магнезиум и витамин Б6 придонесуваат за нормална психолошка функција, нормална функција на нервниот систем, нормален енергетски метаболизам и за намалување на заморот и исцрпеноста.

 

Употреба:

За возрасни.

Еднаш дневно ставете ја содржината од ќесичката директно на јазикот, почекајте да се растопи и голтнете.

 

Препораки: 

Додатоците на исхрана не треба да се користат како замена за разновидна и избалансирана исхрана!

Да се чува на места недостапни за деца.

Да се чува во оригиналното пакување, заштитено од светлина и влага на температура до 25 °C.

 

Предупредувања:

Препорачаната дневна доза на смее да се надминува. Производот не треба да го користат лица пречувствителни на некоја од состојките на производот. Производот не е наменет за бремени, доилки и помлади од 18 години, освен по совет на лекар. Прекумерна употреба може да предизвика лаксативен ефект.

 

Состав:

  1 ќесичка (2,0 g) % ПДВ *
Магнезиум (магнезиум оксид) 400 mg 107
Витамин B6 (пиридоксин хидрохлорид) 1.4 mg 100

*Препорачан дневен внес

 

Состојки: сорбитол (средство за зголемување на волуменот), магнезиум оксид, арома грејпфрут, лимонска киселина, магнезиум стеарат (средство против згрутчување), стевиол гликозиди (засладувач), пиридоксин хидрохлорид.

 

Пакување: 30 ќесички

Производител: MINT PHARM D.O.O., Novosadski put 15 / 2, 21400 Bačka Palanka, Република Србија произведува за PXG Pharma GmbH, Pfingstweidstraße 10-12, 68199 Mannheim, Германија

Земја на потекло: Република Србија