Фармацевти
Контакт

<< Назад

Луѓе со сина кожа

август 23, 2016

Во 19 век прв пат е забележано посебно пореметување на крвта кое резултира со раѓање деца со сина боја на кожата, но само во случај двајцата родитела да носат дефектни гени. Генетското пореметување се нарекува метахемоглобинска анемија, бидејќи станува збор за хемоглобин во оксидиран облик за кој не може да се врзе кислородот. Пореметувањето се пренесува преку рецесивните гени на сопружниците. Настанува кога во крвта е зголемено нивото на метахемоглобин (вид хемоглобин). Улогата на хемоглобинот е да го спроведува кислородот во телото, меѓутоа заболените имаат проблем со снабдување на телото со кислород, па усните стануваат модри, крвта кафена, а кожата може да биде сина. Освен необичната боја на кожата, личностите кои ја имаат болеста немаат други здравствени проблеми.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>