Фармацевти
Контакт

<< Назад

Лук

октомври 28, 2015

[vc_column width="1/1"]

Важен народен лек

проф. д-р Радиша Јанчиќ

Allium sativum L. (Alliaceae) – лук

Свежиот лук или разни препарати направени од него се одлично средство за регулирање на крвниот притисок, работата на срцето и промени на крвните садови

Лукот е и важен народен лек, денес е признат и во медицината, а неговото дејство на здравјето е научно потврдено и разјаснето. Состојките на лукот имаат силно антибактериско и антивусно дејство и се излачуваат преку органите за дишење. Се користат и како заштита, за да не дојде до настинка и грип, но и за нивно лекување. Исто така, лукот ја намалува зголемената концентрација на масти  (холестерол и триглицериди) во крвта и го намалува слепувањето на крвните плочки (антикоагулантно). Поволно влијае на намалување на висок крвен притисок.

Поради сето ова, свеж лук или разни препарати направени од него се одлично средство за регулирање на крвниот притисок, работата на срцето и промени на крвните садови. Се користат превентивно, при помали пореметувања, а таму каде заболувањата зеле замав, напоредно со терапија со лекови. Треба да се знае дека само кога ќе се почувствува карактеристичниот мирис на лук, можете да бидете сигурни дека е и лековит.

Лукот се користи на многу начини, од сок добиен со гмечење на чешниња, со варење на цели луковици. Содржи соединенија со сулфур од кои потекнува карактеристичниот мирис (и останати видови на див лук, на пр., Allium ursinum L.). Лукот се користи како зачин, бидејќи сулфурните соединенија влијаат на подобро варење на храната. Доколку сакате здивот да го ослободите од мирисот на лук, треба да џвакате магдонос или нане.

Лукот е земјоделска култура, со потекло од Средна Азија. Археолошките наоди покажуваат дека се одгледувал уште во неолитот, пред 7 000 години. Иако лукот може да се размножува со семиња, земјоделските произведувачи го размножуваат речиси редовно само преку вегетативен пат, така што садат негови луковици.

Ова повеќегодишно растение е високо помеѓу 25 и 90 см, со јајцевидна луковица составена од 7 до 30 ситни луковици, обвиткани со белузлави лушпи. Стеблото е исправено, до половина со широко линеарни, зашилени листови. Листот кој ги обвиткува цутовите е долг со врв издолжен во шилец. Цветовите се малубројни, црвеникавобели или зеленикави, на долги дршки, собрани во топчест цут, а плодот е топчеста чушка. Цвета од јуни до август. Луковиците се вадат во доцна лето кога листовите ќе се исушат. Се користи свеж или внимателно исушен. Не треба да се чува во фрижидер, бидејќи ладното ја убива неговата арома, туку на темно и суво место.

Лук во маслиново масло

Кој го сака вкусот на лукот, но не и „незгодниот“ мирис, може со овој здрав зеленчук да ароматизира маслиново масло, и да го користи за салати, сосови и вкусен зачин за препечен леб. Потребно е исчистената главица од лук да се стави во 250 мл маслиново масло, па садот полека да се загрева на шпорет додека не се појават меурчиња, потоа да се намали температурата и да се држи на шпорет уште 5 минути. Изладеното масло се чува во затворена тегла или шише и треба да се искористи во рок од една недела.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>