Макулата е одговорна за острината на видот и способноста за перцепија на бои, но таа способност со годините се намалува. Со зголемен внес на лутеин ризикот од појава на старечки катаракт (макуларна дегенерација) се намалува за околу 30 – 50 насто
Лутеинот е природен каротеноид кој содржи кислород, има жолта боја (на латински luteus значи жолто), не се раствора во вода, а се раствора во масти. Многу е значаен антиоксидант, го има во зелениот зеленчук со лисја (блитва, спанаќ, кељ), и во намирници со портокалова боја (пченка, морков, портокали).
Од 1996 година се наоѓа и на листата на диететски суплементи, бидејќи се покажало дека во тој облик е многу корисен, пред сè, за лица кои преку намирници не внесуваат доволно лутеин, односно за луѓе кои како резултат на староста или болести имаат ослабена ресорпција во дигестивниот систем. Лутеинот се апсорбира во тенкото црево, од каде се пренесува во крвотокот и се акумулира во деловите на телото кои се најмногу изложени на оштетувања од слободните радикали, како окото (жолта дамка, мрежница, леќа).
Постои директна врска помеѓу лутеинот и степенот на пигментација на окото. Нашата мрежница природно го акумулира бидејќи ги штити очите од зрачење и ефект на сина светлина. Како силен антиоксидант лутеинот има особина да го намалува ризикот од појава на катаракт и го чува видот. Зголемениот внес на лутеин преку храната или со суплементи директно ја зголемува густината на макуларниот пигмент, чија функција е да го филтрира синиот дел од светлосниот спектар кој е одговорен за оскидациските оштетувања на окото.
Макулата е одговорна за острина на видот и способноста за перцепции на бои, но таа способност со годините се намалува. Со зголемен внес на лутеин ризикот од појава на старечки катаракт (макуларна дегенерација) се намалува за околу 30 – 50 насто.
Варениот зеленчук претставува подобар извор на лутеин од сировиот поради тоа што во сировите намирници лутеинот е заробен во клеточните структури. Варењето ја зголемува биоразградивоста и овозможува апсорпција на лутеинот. Со стандардната исхрана ние во просек внесуваме околу 2,5 мг лутеин дневно, што е недоволно за делотворна заштита од дегенерација на очите, па се препорачува земање суплементи во договор со здравствен стручњак за оптималната доза потребна за превенција на макуларна дегенерација и заштита на видот.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци