Фармацевти
Контакт

<< Назад

Манган

ноември 1, 2016

Важен минерал за здравјето на коскитеНемања Стојиљковиќ
м-р инж.

Манганот (Mn) припаѓа на групата метали кои во природата ги наоѓаме во чиста состојба, а најчесто во соединенија со железо. Неопходен за функција и нормален развој на организмот, манганот потпомага за правилен развој на коските и создавање на сврзното ткиво, ја регулира работата на тироидната жлезда, лачењето на половите хормони и нивото на шеќер во крвта, а учествува и во процесите на метаболизам на мастите, аминокиселините и јаглехидратите, како и во активација на протромбинот, соединение кое влијае на згрутчување на крвта и запирање на крвавење. Овој олигоелемент е и моќен антиоксидант кој во нашето тело ги уништува слободните радикали и ја неутрализира штетата која настанала под нивно дејство. Во медицинската пракса терапијата со манган може да се применува во превенција и лекување на честите воспаленија и воспалителни болести како што е артритисот.

Храна богата со манган: Апсорбирањето на манган преку исхраната е тешко, но бидејќи има многу намирници кои се богати со него, лошата апсорпција не претставува проблем. Го има во зелениот чај, костените, лешниците, оревите, `ржта, бадемите, кокосот, ананасот, бананите, маслинките, спанаќот, лукот, грашокот, зелената салата, зелката, целерот, цвеклото, капините, малините, рибизлите, жолчката, црниот дроб и морските плодови.

Недостиг од манган: Може да предизвика многубројни пореметувања во организмот, како што се развојните проблеми кај децата, деминерализација на коските и развој на остеопороза, болка во зглобовите и воспалителни процеси во организмот. Недостигот од овој елемент може да доведе и до зголемен крвен притисок, болести на срцето, грчење на мускулите, намален вид, губење на памтењето. Симптомите се слабост, вртоглавица, забавен раст на косата и ноктите и проблеми со слухот. Поради достапност во намирниците недостигот од манган е многу ретка појава. Главна причина за недостиг е неизбалансирана исхрана, односно претеран внес на железо, калциум, фосфор или магнезиум.

Токсичност од манган: Претераниот внес на минерали, како што се железо, фосфор, калциум и магнезиум може да го наруши балансот на манганот во организмот и обратно. Прекумерен внес на манган предизвикува труење со манган, а најчести причини се вдишување манганска прашина и внес на вода контаминирана со манган. Труењето преку намирници е многу ретко. Дневниот внес на манган би требало да биде помеѓу 2,5 и 5 милиграми за постари од 11 години.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>