Фармацевти
Контакт

<< Назад

Машина за миење садови

август 4, 2015

[vc_column width="1/1"]Машината за миење садови ја измислила Жозефина Кокреин во 1887 година. Пронајдокот го нудела на сопственици на хотели, скандалозно одејќи на состаноци без придружба на сопруг, брат или татко, па на крај отворила сопствена фабрика. „Ако не сака никој друг да ја измисли, сама ќе ја измислам“, наводно рекла Жозефина, која имала 20 слуги и често правела забави дома, нервирајќи се што при рачното миење се оштетувал порцеланот. Прво ги измерила своите садови, потоа конструирала прегради од жица за лонци, чинии, чаши и шолји. Преградите ги сместила во барабан ставен во бакарен бојлер. Мотор го активирал барабанот, а топлата вода со сапуница прскала од дното на бојлерот и ги полевала садовите. Во 1886 година го патентирала својот дизајн и почнала со производство, огласувајќи се во локалните весници. Но, пронајдокот не бил широко прифатен. Својата машина за садови ја изложила и во 1893 година на Светската изложба во Чикаго и добила награда за најдобар и најупотреблив дизајн.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>