Фармацевти
Контакт

<< Назад

Маслиновото масло во исхраната

јуни 30, 2016

Ана Николиќ

Илјадници години маслиновото масло се користи за исхрана и како лек, бидејќи благотворно влијае на целиот организам и помага во низа проблеми, како што се болести на забите, усната шуплина, ушите, крвните садови и срцето, кај габични инфекции на ноктите, грип, егземи и акни, ревма, дијабетес, катаракт, главоболка, несоница, исцрпеност, тегоби во менопауза. Маслиновото масло е силен антиоксидант, не содржи глутен и сол, го подобрува вкусот на намирниците и е здраво за сите возрасти.

Маслинките се богати со витамини А, Е, Д, К, монозаситени и полинезаситени маснотии, омега 3 и 6 масни киселини, антиоксиданти, полифеноли и флавоноиди, па маслото од нив се смета за исклучително здраво, бидејќи го спречува стеснувањето на крвните садови и процесите на оксидација во организмот, го намалува крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта, помага при слабеење, ја подобрува минерализацијата на коските и штити од некои облици на карциноми.

Најквалитетно е екстрадевственото маслиново масло, исцедено од плодовите на маслинките, кое се смета за најздрав избор во исхраната, бидејќи за негово производство се користат исклучиво механички процеси. Ова ладно цедено масло се добива со прво цедење на маслинките на температура до 30°C и е со богат вкус и мирис. Освен за зачинување на салати и различни маринади и преливи, се препорачува за пржење и динстање, бидејќи се распаѓа дури на температура од 190 до 210°C. Меѓутоа, најздраво е да се консумира свежо. Со време може да оксидира и да ги изгуби својствата, па треба да се чува добро затворено, чепот да не пропушта воздух, во темни шишиња, на ладно место, далеку од извори на топлина, како што е шпорет.

Покрај екстрадевственото масло, постои и девствено , исто така, добиено без хемиска преработка, но има и нешто помал процент на слободни масни киселини (стандардот е extra virgine да има помалку од 1%). Колку е помал процентот на слободни масни киселини, како масла со само 0,2%, толку е поквалитетно.

Рафинираното маслиново масло се добива од девственото со постапка која не доведува до промени во структурата на триглицеридите и смее да има до 0,3% остатоци на слободни масни киселини, а постои и рафинирано масло од комињето на маслинките (остатоци од маслинките по цедењето), кое има пониска цена, но и квалитет.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>