Фармацевти
Контакт

<< Назад

МАСНОТИИ ВО КРВТА

јануари 3, 2017

Кога се корисни, а кога се штетниДушан Гољиќ
м-р по фармација

Човечкиот организам е како машина: го троши горивото кое му го даваме, се развива, произведува енергија и го отфрла непотребното. Живеејќи во забрзано секојдневие, земаме брзи залчиња храна во движење, само да ја намалиме гладта. Ретко размислуваме за квалитетот на намирниците кои ги внесуваме. Дури ако здравствени проблеми нè натераат да посетиме лекар, присилени сме да размислиме за начинот на живот кој го водиме. Доколку анализата на крвта ни покаже покачен холестерол или триглицериди во крвта, стануваме заинтересирани што тие вредности значат и како да ги поправиме.

Масното ткиво е функционален дел од организмот. Таложењето масти во телото е под влијание на хормони кои се ослободуваат во склад со начинот на живот.

Површинските (абдоминални масти) се оние кои се таложат околу половината и под кожата, а  причина се обемните оброци. Организмот ги третира како физиолошка резерва на енергија, па личноста која има надворешни маснотии не мора да има покачено ниво на маснотии во крвта.

Внатрешните (висцерални) маснотии се поопасни. Тие претставуваат наслаги во телото кои се локализирани околу виталните органи и се главна причина за лошата крвна слика. Последица се на лош квалитет на исхрана и физичка неактивност. Личноста не мора да биде видливо дебела за да има високи висцерални маснотии.

Сепак, маснотиите му се неопходни на организмот. Холестеролот е потребен за создавање хормони и влегува во структура на сите клетки, а триглицеридите се неопходни за функционирање на имунолошкиот систем и преставуваат добар извор на енергија. Исхраната која содржи малку масти често доведува до хроничен замор, предизвикува промени во расположението и може да  доведе до некое посериозно заболување.

Луѓето често погрешно заклучуваат дека имаме повеќе телесни масти доколку внесуваме храна која изобилува со животински масти, а дека исхраната богата со зеленчук и овошје не може да предизвика дебелина. Организмот не функционира на тој начин. Секој вид намирници кои ги внесуваме во прекумерни количини се претвора во резерва во облик на масти. Без разлика дали оброците содржат овошје, зеленчук, свинско месо, јајца или тестенини, доколку секојдневно внесуваме повеќе отколку што се енергетските потреби на телото, ќе се создаде вишок.

Покачениот холестерол и триглицериди во крвта претставуваат ризик за развивање заболувања на црниот дроб и жолчката, како и за појава на атеросклероза, која може да предизвика срцев или мозочен удар. Важно е редовно да се контролира нивото на холестерол, HDL (т.н. лош холестерол) и триглицериди во крвта за навреме да се уочат евентуалните ризици. Доколку концентрациите во крвта ги поминуваат граничните вредности, се препорачува коригирање на исхраната и земање терапија препишана од лекар.

Оптималната исхрана содржи балансиран однос на животински и билни масти. Се препорачуваат попосни меса (пилешко, мисиркино), како извор на корисен холестерол, ладно цедени билни масла и консумирање риба, која помага на метаболизмот на масти, бидејќи содржи омега 3 масни киселини, кои ја чистат крвта од вишокот триглицериди.

Кај ризичните групи (дебелина, кардиоваскуларно заболување), лекарот препорачува лекови за намалување на нивото на штетни маснотии во крвта. Терапијата треба да се зема редовно, а задолжителни се и контроли на крвната слика во текот на најмалку 3 месеци.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>