За добро здравје на уринарниот трактпроф. д-р Радиша Јанчиќ Arctostaphylos uva – ursi L. (Ericaceae) – мечкино грозје
Мечкиното грозје е зимзелена, легната грмушка, чии гранчиња се закоренуваат. Кората на гранките е темнокафена и се лупи. Листовите се наизменични, со кратка дршка или седечки, обратно јајцевидни, на врвот заоблени, а основата се стеснува во дршката. Лисјата се кожести без влакна. Работ е цел, свиткан кон опачината. Лицето на лисјата е темнозелено, сјајно. Опачината е посветла. Цветовите се ситни, висат во гроздови на краевите на гранчињата. Цветното венче е ѕвонесто со 4-5 резени свиткани во страна, розеникаво-бело. Плодот е тркалезен, црвен. Цвета од мај до септември, расте на суви, камени места и гребени на високи планини над 1200 м. Како резултат на претераното берење кај нас, стана изретчен вид на природните места на растење.
Мечкиното грозје е исклучително лековита билка. Листот е познатиот увин чај (за време на цветање на билката се отсекуваат младите гранчиња, се сушат брзо, во тенок слој на провев, а потоа се отстрануваат листовите). Најзначајни активни состојки на листот се фенолни хетерозиди, флавоноиди и танини.
Увиниот чај се користи кај инфекции и воспаленија на бубрезите, мочниот меур и мочните патишта; дејствува како уроантисептик и го подобрува излачувањето на моч. Често се применува во мешавина со херба од ситница гола и коњско опавче или лист од бреза, за да се избегне непријатниот, горчлив вкус на напитокот подготвен од листот.
Мечкиното грозје и низ историјата се користело во медицински цели. Најдобри резултати покажува кај лекување на воспаленија на мочни патишта, мочниот меур и бубрезите. Воопшто, добро е за чистење на уринарниот тракт од бактерии. Делотворно е и во лекување на многу непријатната бактерија ешерихија коли, а решава и гинеколошки проблеми предизвикани од оваа бактерија. Го препорачуваат и лекарите во комбинација со терапија со антибиотици, бидејќи со него полесно се лекуваат упорни уринарни инфекции. Се смета дека е корисно и во лекување на зголемена простата.
Увиниот чај може да се пие 3 пати дневно. Нека биде свеж, правете го секој пат онолку колку што ќе испиете. Можете да го пиете 2 недели, а потоа направете пауза. Чајот се пие без додаток на шеќер, засладувач или мед. Непосредно пред или по пиење на чајот не треба да се внесува храна и напитоци, бидејќи доведуваат до стимулирање на лачење киселина, што го намалува неговото дејство.[vc_column width="1/2"][vc_column width="1/2"]ПрепоракаBETTY BEARBERRY TEA е билен чај од листови на мечкино грозје кои се внимателно одгледувани и бирани за да ви помогнат во одржување на здравјето на уринарниот тракт.
Секоја филтер кесичка е пакувана во арома обвивка која дополнително ја чува свежината.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци