Фармацевти
Контакт

<< Назад

Меланом

август 4, 2015

[vc_column width="1/1"]ЧУВАЈТЕ СЕ ОД СОНЦЕТО!доц. д-р Данијела Добросављевиќ Вукојевиќ
Клиника за дерматовенерологија
КЦС Белград, Медицински факултет, Белград

Раното откривање е можно со клинички и дерматоскопски преглед, а во раните фази хирургијата нуди 100% излекување

Меланомот е најмалиген тумор на кожата, а неговата способност да метастазира преку крвта и лимфата е огромна. Другите локализации каде може да се појави се толку ретки (око, слузокожа на црева, гениталии, обвивки на мозокот), па во пракса најчесто се зборува за меланом на кожа.

Не така одамна, меланомот не бил толку чест. Во 1930 година шансите луѓе од бела раса да добијат меланом биле 1:1 500. Денес, шансите се поголеми од 1:60.

Кој е во ризик да добие меланом – вистини и заблуди
Лицата кои имаат ризик да добијат меланом се оние кои многу пати изгореле на сонце. Под горење се подразбира црвенило и болка на кожата во текот на барем два последователни дена со или без појави на плускавци. Во ризик се и лица со светол тен со дамки, црвена коса, вкупен број на младежи поголем од 50, лица кои во семејството имаат оперирани од овој тумор, како и корисници на солариум кои се кварцувале повеќе од 10 пати годишно, а пред 35-тата година од животот. Изложеноста на зрачење во солариумите драстично влијае на честата појава на меланом, така што Меѓународната заедница за истражување на канцер, 2007 година, ги прогласила солариумите за најзначаен карциноген фактор за луѓето.

Како да се препознае овој опасен тумор на кожата?
Меланомот личи на младеж, само што е со асиметричен облик, има неправилни рабови и повеќе бои, обично е со пречник преку 6 милиметри и може да се забележи неговата промена: расте и во ширина и во висина.
За препознавање на најчестиот облик на меланом на кожа користиме т.н. ABCDEF правило: A – асиметрија (анг. asymmetry), B – рабови (анг. borders), C – боја (анг. colour), D – пречник (анг. diameter), E – еволуција (анг. evolution), F – семејство (анг. family). Во 30 % од случаите меланомот настанува од веќе постоечки младеж.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>