Иако долго се мислело дека Римјаните се хранеле со маслиново масло, леб и вино, археолошките испитувања од примероците од земјата, коските и канализацијата на Помпеја покажале дека нивната трпеза била разновидна. Богатите Римјани консумирале и пикантни производи од Индија, како и солена риба и свинско од Шпанија, додека посиромашните слоеви јаделе домашни производи, овошје, зеленчук и риба. Омилени зачини им биле сусам, афион, коријандер, нане, бибер, ким, оцет, семе од целер, а од слатки мед и урми. Од свежо овошје најмногу јаделе грозје, смокви, јаболка и круши, а од зеленчук зелка, праз, зелена салата, кромид и лук.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци