Фармацевти
Контакт

<< Назад

Мирис на љубовта

март 1, 2017

Кутија за цвеќеБојана Бугарски

Март е месец во кој веќе полека ни се приближува пролетта, за многумина најубавото годишно време, ни доаѓаат потопли денови, но и месец во кој го прославуваме интернационалниот празник на жените 8 Март...

Ниедна дама нема да остане рамнодушна на подарок како што е букет цвеќе, меѓутоа најнов тренд во светот се ружи во кутии. Речиси во сите цвеќарници можете да најдете аранжмани, односно кутии со цвеќе во разни облици и бои.

Бидејќи ружата од дамнина е позната како симбол на љубов и убавина, идеална како подарок на драга личност, ќе ви дадеме неколку предлози како сами да направите аранжман кој ќе изгледа еднакво елегантно и отмено како сега да е излезен од цвеќарница.

Кај првиот аранжман си поигравме со обична картонска кутија, не многу голема и длабока, која ја обоивме со црна темпера и ја освеживме со зелена сатенска лента на која можете, доколку имате, да залепите некое цирконче или бисерче. Овој аранжман го красат ситни бели ружи и сигурни сме дека е полн погодок со кој нема да погрешите на кого и да го намените.

За нежна варијанта на аранжманот искористивме длабока бела кутија која едноставно ја украсивме со розова лента, врзана со машна. Во овој случај можете да напишете автентична порака на личноста на која ѝ е наменета. Со ружи во розова и циклама боја овој аранжман зрачи со нежност и благодарност.

За најелегантна кутија со црвени ружи искористивме само метална кутија од колачи и ја обложивме со црно кадифе и како ефектен детаљ, околу неа заврзавме црвена лента. Аранжманот зрачи со љубов и романтика.

Покрај кутии, ленти, маркери, пред да тргнете со дизајнирање на своите кутии, во цвеќарница мора да набавите сунѓер за цвеќе кој ќе го скроите по мерка на кутијата. Пред да го вметнете во кутијата, обложете го со најлон, сунѓерот натопете го и ставете го избраното цвеќе.

Без разлика кој стил ќе го изберете при дизајнирање на кутијата, сигурни сме дека ќе предизвика радост и воодушевување кај личноста за која е наменета. Вкусовите се различни, но не заборавајте дека грижата, вниманието и почитувањето никогаш не излегуваат од мода.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>