Само околу 10 насто од луѓето се леваци, што е одредено од гените, но и за нив постојат многубројни митови, како, на пример, дека се покреативни, што се објаснува со тоа дека со левата рака управува десната хемисфера на мозокот, во која се наоѓа центарот за креативност. Но во научната литература нема докази за тоа тврдење, кое се поткрепува со славните леваци како Леонардо да Винчи. Митот дека леваците имаат послаб имунитет и дека се поподложни на автоимуни заболувања го негирало истражувањето на 21000 пациенти, чиј резултат е дека „леваците не покажуваат тенденција да заболат од автоимуни болести“. Меѓутоа, напоредните анализи покажале дека леваците можат да бидат подобри во индивидуали спортови „лице в лице“, како бокс или тенис.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци