BETTY Pharmacy е апликација за вас – активна личност со динамична дневна рутина, атлета со посебен режим на исхрана или пациент со хронично заболување. Ние сме тука да ви помогнеме да не ја пропуштите вашата редовна доза на витамини , лекови , превентивни испитување и преглед кај лекар. Ние ке се погрижиме за се ова и грижата за вашето добро здравје повеќе нема да биде стресна и изморувачка.
BETTY Pharmacy ке ве потсети за вашата медикација без оглед дали станува збор за краткотраен третман или долготрајна и хронична терапија. Ке се погрижиме дека нема да ја пропуштите вашата дневна доза на витамини потребна за вашата енергија и виталност или таблетите потребни за ваше лекување. Дамите може да бидат сигурни дека зеле пилула за контрацепција на време. Се што треба да направите е да селектирате „Додади потсетник за прием на лек“. Тогаш внесете име на алармот , дозирање и термини во кои треба да го земете.
Имате закажано кај вашиот заболекар после 3 недели , илил преглед кај специјалист на Мој термин? Без проблем! Внесете „Аларм“ и селектирајте „Нов потсетник за преглед“.
“Одведи ме” е опција што треба да ја пробате веднаш ако сакате да добиете професионален совет, добра услуга или едноставно да ја најдете најблиската BETTY аптека во Македонија. Ако сте на бизнис патување или одмор, интерактивната мапа ке ви покаже кој се најблиските аптеки околу вас и ке ви предложи најдобар пат до истата.
Што дополнително нудиме?
Во апликацијата ке најдете:
- Широка палета на наши сопствени BETTY производи, произведени од најдобрите Европски производители и внимателно одбрани за нас и нашите купци;
- Корисни информации за секој продукт од нашата сопствена трговска марка кои се нудат во сите BETTY аптеки;
- Специјална секција “Препорака на месецот“ во која ке најдете сезонски препарати по специјални цени исти во сите BETTY аптеки;
Да го прочитате интервјуто со позната личност од последниот број на нашето BETTY списание, корисни здравствени совети и многу интересни статии.