Фармацевти
Контакт

<< Назад

Модерна хормонска контрацепција

јануари 4, 2016

[vc_column width="1/1"]

Ефикасна контрола против зачнување

Душан Гољиќ
м-р по фармација

Многу присутна во модерното време е употребата на антибеби пилули, па нивното дејство и правилно користење претставува тема која го заслужува нашето внимание

Најстарите методи за контрацепција датираат од пред две илјади години. Денес во аптеките има многу различни помагала и лекови кои успешно се користат во контрола на зачнувањето. Хормонските контрацептиви (антиконципиенси), популарно познати и како „антибеби пилули“, се најзастапен вид на контрацепција. Околу 100 милиони жени ширум светот секојдневно користат некои од нив. Во Велика Британија и Франција секоја трета жена на возраст од 16 до 49 години ги зема овие лекови.

Комбинираната контрацептивна таблета (ККТ) содржи микродози од синтетски хормони кои го имитираат дејството на естрогенот и прогестеронот, кои нормално се лачат кај жените. Со внес на вештачки хормони се влијае на физиологијата преку хипоталамусот и хипофизата, делови на мозокот кои ги лачат регулаторните хормони (LH, FSH) во организмот. Како резултат на примена имаме комбиниран ефект: инхибиција на ослободување на јајце-клетките во текот на овулацијата и зголемена густина на цервикалниот мукус, што го отежнува продорот на сперматозоидите до утерусот.

Предности на ККТ: циклусите се поредовни, пократко траат и полесно се поднесуваат менструалните симптоми. Покрај контролата на зачнување, овие лекови се користат и за други индикации, како, на пр., кај синдром на полицистични јајчници, ендометриоза, аменореја, менорагија, дисменореја и акни.

Несакани дејства кои се вообичаени се мачнина, отекување и чувствителност на градите, главоболка и зголемен апетит. Се јавуваат во 10% од случаите, кога комбинацијата од вештачки хормони не одговара на организмот на пациентката. Во тој случај лекарот се определува за друга комбинација. 

Ограничувања: ККТ не се препорачува на жени активни пушачи постари од 35 години, на екстремно дебели лица, лица кои страдаат од мигрена или лекуваат  кардиоваскуларни заболувања. Пациентките кои земаат препарати на база на кантарион, или пијат невролошка терапија, не би требало да ги користат овие лекови.

Пакувањата обично содржат 21 таблета, кои се пијат секојдневно. После 21 ден се прави пауза од седум дена, кога обично се јавува и циклусот. Некои лекови имаат 28 таблети, кај кои 21 се хормонски, а преостанатите 7 се плацебо (празни) таблети. Комбинациите на хормони во таблетите можат да бидат фиксни, т.е. секој ден се внесува иста доза прогестерон и естроген. Поновите лекови, меѓутоа, содржат таблети со состав кој варира, т.е. во текот на земањето некои денови се побогати со естроген, додека други имаат повеќе прогестерон. Таблетите со различен состав можат да бидат означени во пакувањето со различни бои, поради полесно разбирање.

Ефикасноста од терапијата во контролата на зачнување е висока и изнесува 99,7 насто, кога терапијата се зема правилно. Контрацептивните пилули треба да се земаат секојдневно во исто или приближно исто време.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>