Фармацевти
Контакт

<< Назад

Модерни фризури

август 25, 2015

[vc_column width="1/1"]

Волшебната моќ на долгата коса

Марија Јоксимовиќ

За женските локни со векови се пишувале стихови, но кадриците на Мик Џегер од бендот Ролинг стоунс се продадени на аукција за 4 700 евра; косата ја донела Џегеровата поранешна девојка во коверт на кој пишувало: „Коса од Мик Џегер откако ја измила и скратила Крис на фармата Роуз Хил“

Без сомнение, најмодерна фризура на сите времиња е долга, пуштена коса. За нејзината заводливост и убавина пееле трубадурите, а поетите составувале стихови. Песната Девојка со расчешлана коса, од францускиот поет Виктор Иго, почнува со стихот: Со расчешлана коса
и боса беше/седеше, босонога, покрај таа трска млада додека поминував таму помислив дека е самовила.

За значењето кое ѝ се придавало на долгата коса во текот на историјата сведочат и митови и легенди на старите народи. Римскиот поет Овидие во своето дело Метаморфози вели дека
раскошната коса на преубавата Медуза, свештеничка во храмот на Атина, се претворила во змии кога ја нападнал Посејдон, господарот на морето. Легендарниот лик од хебрејскиот Талмуд, Самсон, судија во древниот Израел, имал неверојатна сила, сè додека Далила, жената
во која се вљубил, нè му ја отсекла долгата коса, во која се криела неговата моќ. За Самсон и Далила е снимен истоимен филм во 1949 година, а главните услоги ги толкувале Виктор Матјур и Хеди Ламар.

И во будистичката митологија долгата коса имала волшебна моќ. Еднаш, кога демонот Мара го искушувал Буда, тој ја допрел со прстите мајката Земја и ја замолил за помош. Мајката Земја создала океан од
својата долга коса и ја избркала Мара далеку од Буда. Во една германска легенда од 17 век, врз основа на која браќата Грим ја напишале бајката Рапунзел, многу долгата коса на девојката која ја грабнала вештерката и ја затворила во висока кула без скали, му послужила како јаже на принцот, по кое се искачил до својата сакана.

Навахо Индијанците од колено на колено го пренесуваат верувањето за моќта на долгата коса. Тие веруваат дека мислите, кои потекнуваат од главата, излегуваат заедно со косата. Новите мисли се поблиску до черепот, а старите на краевите на најдолгите влакна. Колку косата е подолга, има повеќе мисли. Волшебното значење на косата е присутно кај многу народи. Се верувало дека душата на човекот живее во косата. Постоеле и ритуали во кои долгата коса се дарувала на боговите.

Долга, густа, миризлива, сјајна коса е вековен, неприкосновен симбол на женска убавина. За неа се испеани оди, над неа се воздивнувало, а вљубените мажи како знак на наклоност добивале кадрица од косата на својата сакана.

ПОТСТРИЖУВАЊЕ: Некогаш одамна, луѓето ја сечеле косата со алати од камен, а животинските заби ги користеле како чешел, за што сведочат артефакти најдени на различни археолошки локации. Ножичките и чешлите со текот на минатите милениуми еволуирале
во комплицирана фризерска опрема која содржи хидраулични столови, помошна количка за четки, чешли, виклери, штипки, шноли,
керамички пегли, хауби и фенови за сушење на коса, плус најразлични препарати за боење, правење кадрици, пеглање, зацврстување и омекнување на косата.

Ако го занемариме сечењето на коса од верски и ритуални побуди, луѓето од почеток се потстрижувале од хигиенски причини. Египќаните отстранувале локни и дури ја бричеле главата, зашто така
ги отстранувале вошките. И во средниот век, кога во некое побогато семејство ќе се појавеле вошки, сите домашни се потстрижувале „до глава“, а возрасните кога излегувале од дома носеле перики, додека вошките не се искоренеле.

Дури на почетокот на 20 век, кратко потстрижаната коса станува став,
израз на женска еманципација. Кога Коко Шанел ја потстрижала својата коса, кратката коса кај жена преку ноќ станала симбол за ослободување и смелост. По неа, во текот на 20-тите години од минатиот век, оваа фризура ја бираат бунтовни, креативни и смели жени. Кратка коса, уредна, залижана, со прецизен патец, ги освојува и мажите во 30-тите години од минатиот век. 20 години подоцна, мажите лудуваат за фризурите на Елвис Присли и Џејмс Дин, пуштаат долги шишки и „ги фрлаат назад“ во високо, уредно капче. Само 10 години подоцна, машките шишки паѓаат на чело, косата ги покрива ушите, по углед на британскиот бенд Битлси.

БОЕЊЕ: Боената коса е во мода илјадници години. Египќаните вешто користеле боја и правеле доста нијанси. Дури и остарениот Рамзес II редовно користел боја и така ја „покривал“ седата коса. Косата ја фарбал стручњак, но и во домашна режија. Во минатиот век мајките ја измивале косата на темнокосите ќерки со чај од ореви, за да биде уште потемна и поизразена, а на русокосите девојчиња со камилица, за да биде светла и свилена.

ЕКСТЕНЗИИ И ДОДАТОЦИ: Некои дами денес ја продолжуваат својата коса со т.н. „екстензии“, што изгледа гламурозно по излегување од фризерски салон, но и бара неделно стручно одржување, во спротивно, не изгледа баш најдобро. Но, екстензиите не се нов изум. Природната коса ја продолжувале и Египќанките, со прамени од вештачка коса, исто така, и Африканките, додавајќи вештачки плетенки. Со векови во мода биле и перики, некогаш правени само од природна коса, а подоцна и од синтетика.

ДО ГЛАВА: Ако го занемариме потстрижувањето „до глава“ на тибетските свештеници, би можело да се рече дека „нулерицата“ никогаш во историјата не била така популарна како денес. Мажите со избричени глави, голи како јајце, ја промовираат „новата мода“. Жените многу ретко одат во тој екстрем, но многу кратката коса воопшто не е реткост и мора да се признае, може да биде многу шармантна.

ПРАВА ИЛИ КАДРАВА: Со векови кадравата коса ја засенувала правата. Локните биле стандард за убавина, а кој ги немал морал да ги направи, со врели или ладни виклери, кои се држеле на глава цела
ноќ, за дамата наутро да има свежи кадрици. Локните ги носеле и мажите, ако не свои, тогаш во облик на раскошни перики, кои биле и статусен симбол на кралеви, судии и адвокати.

ТРАЈНА И МИНИ ВАЛ: Трајната ондулација, скратено трајна, е начин на препарирање на косата со хемиски препарати. Се смета дека
првата трајна фризура со кадрици во 1906 година ја извел германскиот фризер Карл Лудвиг Неслер.

Денес е модерна и кадрава и права коса, со тоа што често се случува сопственичката на природни локни да копнее по права коса и обратно. Се носат сите можни видови фризури, пуштена и собрана коса, кратка и долга, природна и боена. Во BETTY работилницата ви предлагаме како за неколку минути да направите интересна, модерна и практична пунџа за жешки денови.

Боб, опавче, кошничка...
БОБ: Во првобитна форма класичната боб, или паж фризура имала јасно дефиниран облик, а денес може да биде асиметрична, степенеста, а популарни се и нерамни краеви, и должина од ушната ресичка до рамената.
КОЊСКО ОПАВЧЕ: Оваа фризура, идеална за топли денови, ја носат и славни тенисерки и холивудски диви. Косата собрана со еластична лента, потполно е неодолива како на главите на малите
девојчиња, така и кај сериозни дами. Коњското опавче има многу варијанти, а може лесно да се трансформира и во плетенка.
КОШНИЧКА: Оваа тренд пунџа од 60-тите години од минатиот век, во мода ја врати трагично починатата пејачка Ејми Вајнхаус.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>