Фармацевти
Контакт

<< Назад

Мој балзам

февруари 1, 2017

За меки усни и нежни бакнежиБојана Бугарски

Усните се еден од најчувствителните делови на телото. Токму поради тоа е потребно секогаш да бидат хидрирани. Како зиме, така и лете, треба да се заштитат од надворешни влијанија, а доколку не се негуваат на вистински начин, се сушат и пукаат

Многумина од нас не можат без балзам за усни и тоа е денес неизоставен дел како од женската чанта, така и во џебот на мажите. Еве прекрасна идеја како можете да го направите сами, брзо и едноставно. Овој балзам ќе ги направи вашите усни меки, мазни и здрави, а вие, сигурни сме, со задоволство вашиот сопствен производ ќе го носите секаде со вас.

Домашниот балзам за усни е готов за пет минути.

Од состојки потребни ви се: една супена лажица  пчелин восок, две лажици ши путер, две лажици кокосово масло и неколку капки етерично масло, мирис по ваш вкус (ванила, мента, мирис во кој преовладува арома на цитрус...). Сите состојки ставете ги во лонче и загревајте на шпорет на ниска температура, мешајте додека смесата не се растопи. Доколку сакате балзамот да им даде малку боја на усните, ставете во состојките парче кармин од омилената нијанса  и сè заедно растопете.

Ви останува смесата да ја истурите во калапи, односно во кутивчиња или теглички кои сте ги сочувале од тестер-креми, стари балзами или сте ги купиле во аптека. Кога ќе се изладат, балзамите се подготвени за употреба.

Кутивчето можете да го украсите и така на сè да дадете личен печат, а балзамот може да биде оригинален подарок кој ќе го подарите на драги луѓе како мал знак на внимание.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>