Фармацевти
Контакт

<< Назад

Морскиот сунѓер го филтрира морето

август 4, 2015

[vc_column width="1/1"]Морските сунѓери се едноставно градени повеќеклеточни организми, стари околу 650 милиони години. Ги има помеѓу 5 000 и 10 000 видови. Може да бидат зелени како салата, сино како небото, жолти како сонцето. Телото им се состои од два слоја на клетки, помеѓу кои се наоѓа скелет со тврди иглички кои го потпираат. Внатре во телото се наоѓа празнина. Низ ситните отвори влегува вода, планктони и кислород за дишење. Водата излегува низ поголемите отвори и на тој начин сунѓерот го филтрира морето. Само еден примерок од околу 20 см може дневно да прочисти дури 2 000 литри морска вода. Сунѓерите растат прицврстени за хидра на морското дно до 200 м длабочина, а најчесто помеѓу 5 и 20 м. За да порасне 20 см, на сунѓерот му се потребни 2-4 години. Иако се хермафродити, сунѓерите се размножуваат. Мажјакот-сунѓер испушта сперма, додека женката-сунѓер испушта јајца за оплодување во водата. Од оплодените јајца се развиваат ларви кои слободно лебдат и се преобразуваат во млад сунѓер кога ќе најдат погодно место за сместување.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>