Во лондонската улица Бејкер 221б се наоѓа Музејот на Шерлок Холмс, направен онака како што е опишано во романите на Конан Дојл. Тука се снимани и филмови за славниот детектив, а посетителите на музејот може да ги видат сите работи на Шерлок, како лупа, виолина, луле, хемиска опрема, блок со забелешки и персиски влечки. Може да се фотографираат во столот на Холмс покрај каминот и да ја разгледуваат неговата соба за спиење. На вториот кат од музејот се наоѓа собата за спиење на доктор Вотсон со поглед на дворот зад куќата, а од предната страна е собата на госпоѓа Хадсон. На третиот кат се изложени восочните фигури на славните јунаци.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци