Фармацевти
Контакт

<< Назад

Надминување на недостигот и збогатување на исхраната со железо

април 3, 2017

Железото е есенцијален минерал и главната причина поради која ни е потребен е обезбедување нормален транспорт на кислород во телото.

Железото е составен дел на голем број протеини, вклучувајќи ги хемоглобинот, миоглобинот, цитохроми и ензими вклучени во редокс реакции. Речиси две третини од железото во организмот се наоѓаат во хемоглобинот во еритроцитите. Околу една четвртина од железото во организмот се наоѓа во лесно метаболните резерви, како феритин и хемосидерин во црниот дроб и ретикулоендотелниот систем. Останатото железо е во миоглобинот на мускулното ткиво и во различни ензими потребни за оксидативните  метаболни процеси и други функции на клетките.

Препорачаното дневно внесување на железо кај возрасни лица е 14 mg.

При недоволен внес на железо, човечкото тело не е во можност да обезбеди нормалнo формирање на „кислород-пренесувачките“ црвени крвни клетки и хемоглобин, што се манифестира со различни степени на недостиг на железо.

Дефицитот од железо е најчест нутритивен недостиг во светот.
Често луѓето  не знаат дека имаат недостиг од железо, сè додека не се појават интензивни знаци или симптоми – тие се со „нездрав изглед“, бледи, хронично исцрпени и заморени.

Човечкото тело не може да го синтетизира железото и затоа треба да се внесува со храната и/или преку додатоци на исхраната, а во случај на поголеми потреби од железо (болести) преку лекови. За зголемена апсорпција на железото е потребно истовремено земање и на витамин Ц.

Зошто е потребно железото во човечкиот oрганизам (одобрени здравствени тврдења за железото од страна на Европската агенција за безбедност на храна):

 

 

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>