Најголемиот кањон на светот е заробен на Антарктикот, под дебели слоеви на лед. Многу години наназад научниците се обидуваат да откријат што се крие под ледот, а сега тим на геолози открил кањон, за кој се претпоставува дека е двојно поголем од прочуениот Голем кањон кој го направила реката Колорадо во САД (должина 446 км, ширина 29 км). Постоењето на џиновски „невидлив“ кањон научниците го откриле со помош на сателити и радари, и претпоставуваат дека е долг околу 1 000 км и длабок околу 1 км.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци