Некои држави се толку минијатурни што нивната површина може да се мери со површината на поголемите светски градови, односно помали се од 400 квадратни километри. Тоа се Гренада (344 km²), островска држава во Карибите која ја нарекуваат и Остров на зачините; Малта (316 km²), која ја сочиниваат три острови (Гоцо, Комина и Малта); Малдиви (300 km²), најмала азиска држава во Индискиот Океан позната по коралните острови и плажи од бел песок; Лихтенштајн (160 km²), сместен во Алпите помеѓу Швајцарија и Австрија; Сан Марино (61 km²), кој е опкружен од Италија; Тувалу (26 km²), држава некогаш позната и под името Острови Елис, лоцирана во Тихиот Океан североисточно од Австралија; Република Науру (21 km²), која се смета за најмала островска држава во светот; Монако (2 km²), држава на Азурниот брег позната по најголемиот број милионери во светот и трките на Формула 1 и Ватикан (0,44 km²), официјално најмала земја во светот.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци