Фармацевти
Контакт

<< Назад

НАЈСКАП АВТОМОБИЛ НА САЕМОТ ВО ЖЕНЕВА

мај 1, 2019

Францускиот производител на автомобили Бугати на овогодишниот саем во Женева го претставил автомобилот посветен на легендарниот модел Type 57 SC Atlantic. Модерната верзија на еден од најубавите автомобили во историјата на оваа индустрија е направена од јаглеродни влакна. Посебно внимание е посветено на аеродинамичноста. Рачно работената каросерија е обоена во црно, што влијаело и на називот на автомобилот Bugatti La Voiture Noire (црн автомобил). За погон е употребен моторот 8.0 W16 Quad turbo, со сила од 1 500ks (1 103kW) и 1 600Nm максимален вртежен момент (спецификациите не се разликуваат од моделите  Chiron и Divo). Автомобилот е продаден уште пред саемот, а достигнал цена од 16,7 милиони евра, што го прави најскап автомобил на денешнината.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>