Фармацевти
Контакт

<< Назад

Намирници за намалување на крвниот притисок

мај 1, 2017

Ана Николиќ

Хипертензија или зголемен крвен притисок е болест која бара перманентна лекарска контрола, како и воведување на здрави навики во исхраната. Режимот на исхрана за намалување на крвен притисок и неговото одржување во нормала опфаќа, пред сè, намирници кои содржат растителни влакна, калиум, калциум, магнезиум и омега-3 масни киселини, односно овошје и зеленчук богати со антиоксиданти, како домат, блитва, слива, како и риба и немасни млечни производи.

Морска риба: Два до три пати неделно треба да се јаде морска риба (харинга, лосос, скуша, туна, сардина). Се препорачува подготовка на оброци од свежа или замрзната риба, додека треба да се избегнува риба од конзерва.

Лук: Ефектот од благотворното дејство на зголемениот крвен притисок се постигнува веќе со неколку чешниња лук на ден и е докажано кумулативен, па оваа намирница треба да се консумира секојдневно. На кого му пречи мирисот, може да го консумира во облик на таблети и капсули.

Зрнесто овошје: Овошјето од оваа група е богато со флавоноиди, кои го намалуваат  нивото на лошиот холестерол и го регулираат крвниот притисок. Боровниците, малинките и капините како свежи, така и смрзнати можат да се додадат на свежите овошни пијалаци и појадок од житни растенија.

Компир: Содржи минерали калиум и магнезиум, како и билни растителни влакна. Треба да се консумира во барен облик, во сос од зеленчук, а да се избегнува пржен и солен компир.

Цвекло: Рендано за салата, зачинето со маслиново масло и сок од лимон, како и во облик на сок, цвеклото е корисно за намалување на крвниот притисок, за што, пред сè, се заслужни нитратите кои овој зеленчук ги содржи.

Банана: Исклучително здраво овошје богато со калиум, кое помага во одржување на здравото ниво на притисокот. Се препорачува една банана на ден, како додаток на појадок или како ужинка.

Маслиново масло: Многу поволно дејствува на липидите во крвта и го намалува притисокот, па нерафинираното девствено маслиново масло треба да се користи за салати и како додаток на јадења.

Лута пиперка: Благотворна е за намалување на зголемениот крвен притисок, па треба да се користи како зачин на јадењата, во салати.

Хибискус: За намалување на крвниот притисок добро е да се пие чај од хибискус, кој има угоден вкус и мирис, па се препорачува ладен како освежителен пијалак во топлите денови.

Црно чоколадо и какао: Какаото има флавоноиди кои го намалуваат крвниот притисок, па корисно е да се консумира чоколадо кое има минимум 70 % какао, и тоа она без шеќер.

Вода: Секојдневно треба да се пијат два литри вода. Корисни се и билни незасладени чаеви.

Хипертензијата ја ублажуваат и белиот грав, јогуртот, семките од сончоглед, кивите, лубеницата, дињата.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>