Фармацевти
Контакт

<< Назад

Нане

август 3, 2016

Ја смирува нервозaта и го подобрува варењетоMentha x piperita L. – нане
проф. д-р Радиша Јанчиќ

Питомото нане нема семе, и ако се најде некое, тогаш тоа е она суво со неразвиен никулец. Бидејќи не може да се размножува со семе, се размножува само со резници, по вегетативен пат. Стерилноста на растението е последица на начинот на кој настанало. Питомото нане е добиено со вештачка селекција со вкрстување (хибридизација) на самоникнати Mentha spicata x M. Aquatica. Вештите градинари го издвоиле овој хибрид поради неговите својства, пред сè, исклучително пријатната арома која ја нема ни еден од родителските видови, го размножиле и денес се одгледува ширум светот, понекогаш, ретко, се наоѓа во дивина заедно со родителските видови.

Питомото нане е повеќегодишно растение со јак и остар мирис со силни ризоми. Стебленцата се исправени, високи 30-100 см, често црвеникави. Листовите се распоредени еден спроти друг, на долги дршки, јајцевидни, иззабени. Агрегатите на цутовите се испрекинати, во облик на клас или почесто во облик на глава. Цветовите се виолетови, стерилни (обично антерите на прашниците се збрчкани, празни, последица на хибридното потекло). Цвета од јуни до јули, а се одгледува во градини или на плантажи. Нането е лековито растение од кое се добива етерично масло, а се користи листот и поретко врвот од растението.

Нането е едно од најпопуларните лековити растенија кај нас. Неговите состојки  поволно дејствуваат на воспалена слузокожа и ги смируваат грчевите на мазната мускулатура, особено во органите за варење, исто така, го зголемуваат создавањето и лачењето на жолчка. Ги смируваат нервозата и вознемиреноста.

Од листот на нане се подготвува чај, иако постојат и препарати од екстракт од листот. Етеричното масло се добива со дестилација на свежа херба или лист од нане. Маслото е состојка на препарати кои се применуваат надворешно за втривање при невралгични болки. Најголеми количини од маслото се употребуваат во прехранбената, козметичката и индустријата за алкохолни пијалаци. Етеричното масло од нане служи и за екстракција на природен ментол.

Употреба во кујна: Листовите се со освежителна арома. Се користи како зачин за јагнешко, печена патка, млад зеленчук, грав, јогурт. Во Англија е популарен сос од еден подвид на диво нане чии листови имаат вкус на пеперминт (M. spicata subsp. spicata). Сосот се служи со овчо, телешко месо и риба.

Чајот од нане содржи витамини, бета-каротин, танини и флавоноиди, освежува и лади, многу е лековит и има широка примена. Не треба да се вари туку само се прелива со врела вода и се остава да отстои. Го отстранува непријатниот мирис од устата, ја негува устата, забите и непцата, а ако се пие пред спиење мирно се спие. Многу е корисен кај проблеми со варење, помага во случај на подување и грчеви, ги смирува желудникот и цревата, па се користи и за гастритис и колитис.[vc_column width="1/2"][vc_column width="1/2"]ПрепоракаBETTY PEPPERMINT TEA е билен чај од листови од нане со препознатлив освежувачки мирис и вкус. Ако имате проблеми со варењето (непријатност во желудникот и подување) или се борите со настинка и упорно кашлање, сварете една шолја чај од нане за природно и брзо олеснување на овие симптоми.

Секоја филтер кесичка е пакувана во арома обвивка која дополнително ги чува свежината и мирисот.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>