Фармацевти
Контакт

NATURAL

Нежен кон твојата кожа и кон природата.
Само во BETTY аптеки.

Со гордост ви ја претставуваме нашата НОВА иновативна линија за нега на кожата Natural,
со внимателно избрани и ефикасни органски состојки, директно од природата. Дизајнирана
да ја негува вашата кожа на највнимателен и природен начин, а воедно да се грижи за
здравјето на нашата планета. Производите се BIOS сертифицирани, збогатени со
органски состојки и дерматолошки тестирани на сензитивна кожа.

Направени со љубов за тебе, твоето семејство и за нашата планета.

  • 97%+ природни, BIOS NaturCosmetics сертифицирани и вегански.
  • 100% рециклирачки пакувања
  • 50-100% рециклирачки пластични шишиња

Со избирање на Natural, вие ни се придружувате во нашата мисија и директно помагате во намалување на загадувањето со пластика за еднократна употреба. Кога ги користите нашите производи, препорачуваме да ја и исклучите водата. На тој начин ќе помогнете во заштедата на вода.

Произведува: San.Ecovit.srl via Cesare Cantu, 1, 20123 Milano MI
Земја на потекло Италија Google (Noto Color Emoji - Unicode 15.1)

Natural 2 во 1 –  Бебешки гел за туширање и шампон со екстракти од органски кокос и органска камилица

Шише со пумпа 500 ml

99% природно потекло.

Збогатена со органски екстракт од кокос и камилица, оваа нежна формула не предизвикува солзење и е специјално формулирана да ја чисти нежната кожа и коса на бебето, оставајќи благ мирис. Идеален за секојдневна употреба. Дерматолошки тестирано на осетлива кожа. Офталмолошки тестирано на осетливи очи. Нежна заштита на осетлива кожа. Формула која не предизвикува иритација. Козметички производ, BIOS сертифициран.

Употреба

Се нанесува на влажна кожа на телото и главата и нежно се масира. Да се исплакне добро со топла вода. Само за надворешна употреба.

Состав

aqua [water], cocamidopropyl betaine, sodium cocoyl glutamate, xanthan gum, cocos nucifera (coconut) fruit extract***, chamomilla recutita (matricaria) flower extract***, helianthus annuus, (sunflower) seed oil, sodium olivamphoacetate, glycerin, coco-glucoside, glyceryl oleate, disodium cocoamphodiacetate tocopherol, lactic acid, citric acid, parfum (fragrance), benzyl alcohol, sodium benzoate, potassium sorbate ***organic / biologico

Клучни состојки и придобивки:

  • Органскиот екстракт од кокос е природен навлажнувач добиен од плод од кокос (Cocos Nucifera), екстрактот од кокос е совршен за навлажнување (хидрирање) и освежување на косата и кожата на Вашето бебе.
  • Органскиот екстракт од камилица е преполн со есенцијални витамини кои нежно ја чистат и кондиционираат косата , оставајќи ја здрава и мека.

Natural Бебешки крем за пеленска регија со органски масла од маслинка и сончоглед и органски шеа путер

Туба 100 ml

98% природно потекло.

Специјално формулирана за да ја смири и заштити нежната бебешка кожа. Содржи органско мало од маслинки и сончоглед, кои делуваат смирувачки на нежната кожа на бебето. Содржи и цинк-оксид кој помага и го отстранува црвенилото на кожата. Дерматолошки тестирано. Нежно ја штити осетливата кожа. Формула која не предизвикува иритација. Козметички производ, BIOS сертифициран.

Употреба

Се нанесува на чиста и сува кожа. До колку е неопходно, се повторува повеќе пати во текот на денот. Само за надворешна употреба.

Состав

aqua [water], caprylic/capric, triglyceride, butyrospermum parkii, (shea) butter**, zinc oxide, polyglyceryl-3, polyricinoleate, helianthus annuus, (sunflower) seed oil**, olea europaea (olive), fruit oil**, glycerin, candelilla cera, (euphorbia cerifera, (candelilla) wax), polyglyceryl-3 diisostearate, magnesium sulfate, hydrogenated, castor oil, oryzanol, silica, tocopherol, sodium benzoate, potassium sorbate ** organic / biologico

Клучни состојки и придобивки:

  • Органскиот Шеа путер е познат по своите хидрирачки и хранливи својства. Шеа путерот ја смирува и ја подобрува вискозноста на чувствителната бебешка кожа, што ја прави идеална во најчувствителните делови.
  • Органското маслиново масло е преполно со витамини, масти и антиоксиданси. Маслиновото масло ја задржува влагата и го намалува воспалението, што го прави совршен природен навлажнувач.
  • Цинк оксидот помага во заздравувањето на зацрвенетата кожа, обезбедувајќи ефикасно ослободување од осип на пелени.

Natural Гел за туширање со екстракт од органски бадем

Шише 400 ml

98% природно потекло.

Збогатен со органски екстракт од бадем, познат по своето смирувачко и хидрирачко својство, Natural гелот за туширање длабински ја чисти кожата, оставајќи ја мека и мазна. Оваа нежна формула е специјално развиена за чистење осетлива и нежна кожа, оставајќи ја нежна и мазна. Идеален е за секојдневна употреба на целото семејство. Дерматолошки тестирано на осетлива кожа. Формула која не предизвикува иритација. Козметички производ, BIOS сертифициран.

Употреба

Се нанесува на влажна кожа на лицето и телото, со нежно масирање. Да се исплакне добро со топла вода. Само за надворешна употреба.

Состав

aqua [water], cocamidopropyl, betaine, sodium lauroyl sarcosinate, lactic acid, sodium olivamphoacetate, prunus amygdalus, dulcis fruit extract***, glycerin, tocopheryl acetate, parfum (fragrance), benzyl alcohol, sodium benzoate, potassium sorbate ***organic / biologico

Клучни состојки и придобивки:

  • Органското бадемово масло е познато уште во античко време по своите повеќекратни придобивки. Бадемовото масло ја храни и чисти кожата притоа обезбедувајќи смирувачки и хидрирачки ефекти.

Natural Отстранувач на шминка со екстракти од органска краставица и чичок.

Шише 200 ml

97% природно потекло.

Збогатен со органски екстракт од краставица (Cucumis Sativus), хамамелис (Hamamelis Virginiana  leaf), чичок (Articum lappa root) и органски шија путер. Овие органски состојки помагаат во отстранување на шминката и нечистотијата, оставајќи ја кожата мека и свежа. Оваа формулација е специјално развиена за сензитивна кожа и е нежна за очите, погодна и за употреба при носење на контакти леќи. Дерматолошки тестирано на осетлива кожа. Офталмолошки испитано на осетливи очи. Формула која не создава иритација. Козметички производ, BIOS сертифициран.

Употреба

Се нанесува мала количина од производот на тупфер и нежно се чисти целото лице, врат, очи и усни. Исплакнете после употреба.

Состав

aqua, oryza sativa, bran oil, glycerin, cetearyl alcohol, parfum, sorbitan olivate, cetearyl olivate, cucumis sativus fruit extract***, butyrospermum, parkii butter***, hamamelis, virginiana leaf extract***, arctium lappa root extract***, helianthus, annuus seed oil, xanthan gum, tocopherol, lactic acid, benzyl alcohol, sodium benzoate, potassium sorbate ***organic / biologico

Клучни состојки и придобивки:

  • Органскиот екстракт од краставица е познат по неговите освежувачки својства за кожата. Има неверојатни ефекти на ладење, што го прави особено корисен за оние со чувствителна или иритирана кожа.

Natural Мицеларна вода со вода од органска Дамаск роза и сок од органско алое

Шише 400 ml

97% природно потекло.

Збогатено со органска вода од Дамаск ружа (Rosa Damascena) и органски сок од алое вера, ова нежно средство за отстранување шминка ефикасно ја штити, тонира и отстранува шминката и нечистотијата, оставајќи ја кожата смирена и мека. Формулацијата е специјално развиена за осетлива кожа, блага за очи, погодна за употреба со контактни леќи. Дерматолошки тестирано на осетлива кожа. Офталмолошки тестирано на осетливи очи. Формула која не предизвикува алергии. Козметички производ, BIOS сертифициран.

Употреба

Се нанесува мала количина течност на тупфер и нежно се чисти целото лице, врат, очи и усни. Исплакнете после употреба.

Состав

aqua, glycerin, decyl glucoside, gluconolactone, aloe barbadensis, leaf juice***, mannitol, lecithin, *rosa damascena flower water***, sodium pca, sodium lactate, sodium cocoyl, glutamate, parfum, sodium benzoate, potassium sorbate, benzyl alcohol, lactic acid ***organic / biologico

Клучни состојки и придобивки:

  • Oрганската Дамаск роза е позната по своите освежувачки и смирувачки својства, ја чисти, хидрира и смирува чувствителната кожа.
  • Органскиот сок од Алое Вера е богат со навлажнувачи, Алое Вера ја врзува влагата на кожата, што ја прави идеален природен избор за освежување и чистење.

Natural шампон против првут, со масло од органска лаванда

Шише 200 ml

98% природно потекло.

Природниот шампон против првут, сертифициран од BIOS NaturCosmetics, со есенцијално масло од органска лаванда, е клинички докажан во намалување на првутот од скалпот, а притоа оставајќи ја косата со нежен мирис.

Дерматолошки тестиран на осетлива кожа.

Употреба

Се нанесува на влажна коса и нежно се масира скалпот. Темелно се плакне со топла вода.

Предупредување:

Не е за употреба кај деца под 3 годишна возраст.

Клучни состојки и придобивки:

Органско масло од лаванда го смирува чешањето на скалпот за да го подобри целокупното здравје на скалпот, а со тоа се намалува и првутот.

 

Natural тврд шампон за мрсна коса, со екстракти од органски зелен чај и мајчина душица

50g

97% природно потекло.

Природниот тврд шампон за мрсна коса, сертифициран од BIOS NaturCosmetics, збогатен со екстракти од органски зелен чај и мајчина душица, е идеален за секојдневна нега на мрсна коса. Зелениот чај е природен антиоксиданс кој ја зајакнува косата и и дава сјај. Мајчината душица ја чисти мрсната коса.

Формулација креирана за целата фамилија.

Употреба

Се навлажнуваат и шампонот и косата. Шампонот се нанесува директно на влажната коса. Масирајте во косата и скалпот додека не се добие богата пена. Темелно се плакне со топла вода. После употреба, чувајте го продуктот на суво место.

Дерматолошки тестиран на чувствителна кожа.

Тврдиот шампон е 6 пати поконцентриран од природниот нежен шампон.

Содржи не повеќе од 5% вода. Неиритирачка формула.

Клучни состојки и придобивки:

Органско масло од лаванда го смирува чешањето на скалпот за да го подобри целокупното здравје на скалпот, а со тоа се намалува и првутот.

Органскиот зелен чај (Camellia sinensis) ги храни фоликулите на вашата коса. Тој е природен антиоксиданс кој ја зајакнува косата и ја прави посјајна.

Органска мајчина душица (Thymus vulgaris) е совршена природна состојка за мрсна коса, поради нејзините својства за чистење.