Фармацевти
Контакт

<< Назад

Нега на кожата на рацете во зима

јануари 4, 2016

[vc_column width="1/1"]Милица Алексиќ

Комбинацијата од студено, ветровито зимско време и затворени, загреани простории со, најчесто, сув воздух, ја оштетува кожата и го нарушува нејзиниот природен баланс на влага

Превенцијата и правилната нега се многу значајни за здравата кожа на рацете во зимските месеци. Нашата кожа треба да се избори со екстремните надворешни услови, комбинирани со големи температурни разлики во животниот и работниот простор. Како во тоа ќе се успее зависи, пред сè, од бариерата на кожата, која природно ја сочинуваат водата, липидите и маслата. Меѓутоа, „бариерата на кожата“ не е иста кај сите луѓе, многумина имаат почувствителни горни слоеви на кожното ткиво, па неопходни се дополнително внимание и нега.

САПУН: Во зима препорачливо е да се користат течни сапуни со глицерин, млеко или мед, бидејќи тврдите сапуни можат да бидат груби и да го оштетат pH-балансот на кожата, односно регулацијата на проток на вода и електролити. При купување треба да се избираат течни сапуни со ознака „за чувствителна кожа“, односно  хипоалергиски, особено ако кожата е сува и чувствителна. Треба да се избегнуваат сапуни кои создаваат многу пена и содржат парфеми, бидејќи ја иритираат кожата.

МИЕЊЕ: Рацете, нормално, треба да се мијат, но не опсесивно „на секои 5 минути“. Врелата вода не е неопходна, освен во случај на многу нечистотија, бидејќи дополнително ја исушува кожата. При миење раце треба да се посвети внимание на дланките, додека за наддланките доволно е малку пена и нежно триење. По миењето треба внимателно да се исушат, најдобро со тапкање со мека крпа и веднаш да се стави крем.

КРЕМИ: Ако кожата на рацете е здрава и целта е да се заштити од дехидрација, тогаш се користат креми на база на глицерин, вазелин, ланолин и природни масла, чија функција е да ја хидрираат и да ја заштитат од губење влага. Ако кожата на рацете е дехидрирана, треба да се нанесуваат гелови кои ја враќаат загубената влажност и долго да се втриваат во кожата. Дури потоа се нанесуваат креми кои содржат масла, вазелин, глицерин и ланолин. Дерматолозите советуваат кремот за раце да се нанесе на кожата пред да се јават првите симптоми на сува или испукана кожа. Исто така, се смета дека во зима не е доволно рацете да се намачкаат со крем еднаш дневно, туку треба почесто, најдобро по секое миење, со што се постигнува влагата да остане во горните слоеви на кожата. Мрсните дланки можат да бидат непрактични, бидејќи оставаат отпечатоци, па често нанесувањето крем, пред сè, се однесува на наддланката.

РАКАВИЦИ: Заштитата за раце во вид на ракавици е неопходна во текот на зимата. Ракавиците можат да бидат од памук, или волна, со еден или со сите прсти. Тие не само што ја штитат кожата на рацете, туку се и убав моден детаљ. Исто така, ако се  работи со хемикалии треба да се користат заштитни ракавици, како гумени така и оние тенки т.н. хируршки. Ако дошло до оштетување на кожата на рацете (испукана, груба и црвена), памучните ракавици може да се носат и преку ноќ, врз дебел слој хранлив, хидратантен крем.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>