НЕВРОКОЗМЕТИКА – „ПАМЕТНА“ КОЗМЕТИКА ЗА НОВИОТ ВЕК
февруари 1, 2017
Иако клетките на кожата постојано се обновуваат, сепак, со текот на годините кожата постепено старее и ја губи еластичноста и свежината. Она што, всушност, „старее“ е функционалноста на системите одговорни за хомеостазата и здравиот изглед на кожата. Kако еден од главните фактори во процесот на стареењето на кожата најновите истражувања ја посочија намалената комуникација помеѓу нервните завршетоци и фибробластите, односно клетките на кожата чија главна функција е да го одржуваат структуралниот интегритет на кожата.
Клиничките студии покажаа дека невростареењето, кое претставува дисбаланс помеѓу невромедијаторите и соодветните рецептори кај фибробластите, предизвикува и до 80 % намалена способност за синтеза на колаген и еластин. Присуството и големата улога на невротрансмитерите во кожата можеби и не треба да се изненадувачки, ако се знае дека мозокот и кожата имаат заедничко ембрионално потекло.
Како резултат на новите сознанија, фармацевтската и козметичката индустрија понудија низа иновативни и извонредно ефективни решенија т.н „неврокозметика“, со директно позитивно влијание на механизмите на стареење на кожата. Неврокозметичките препарати се природни или специјално дизајнирани биоактивни супстанции кои влијаат на невротрансмисијата, ја обновуваат здравата комуникацијата помеѓу клетките и ја штитат од последиците на невротоксичните продукти на стареењето. На тој начин значително се зголемува синтезата на колаген и еластин, забавен е процесот на стареење, брчките се видливо намалени и кожата ја враќа својата компактност, еластичност и младешки изглед. Исто така, поради своите антиинфламаторни својства, неврокозметиката е исклучително соодветна за нега на чувствителна кожа, со клинички докажано смирувачко дејство. Тоа е особено важно, ако се земе предвид дека според истражувањата околу 2/3 од луѓето имаат чувствителна кожа, а голем број од нив појавуваат некој облик на иритација или реакција од традиционалните козметички препарати и третмани за подмладување.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци