Фармацевти
Контакт

<< Назад

Ноќниче

јули 1, 2017

Народен лек за простатапроф. д-р Радиша Јанчиќ

Ноќниче  – Chamaenerion angustifolium (L.) Scop. (фам. Oenotheraceae)
Синоним: Epilobium angustifolium L.
Домашни имиња: ноќниче, врбица

Содржи танини, флавоноиди, тритерпенски киселини и слуз, а изолиран е и ханерол кој поседува антитуморска активност. Во Германија чајот од ноќниче се користи за бениген аденом на простатата и пречки при мокрењето

Ноќничето расте по перифериите на шумите, во проретчени шуми и пасишта. Името „ноќниче“ често се користи и да се означи лековитиот вид Oenothera biennis од северна Америка, од чие семе се добива масло богато со есенцијални масни киселини. За да нема забуни, овој вид треба да се нарекува жолто ноќниче. Често може да се најде и покрај патишта и на насипи.

Се користи зелјестиот надземен дел од растението во цвет (Epilobii herba) или само листот (E. folium). Се бере во време на цветање и се суши. Младите листови се вкусен зеленчук. На Гренланд, ноќничето се смета за „национален цвет“, и се користи како зачин во подготовка на јадења од сало од фока. Во Германија од листовите на ноќниче се подготвува чај кој се користи кај бениген аденом и пречки при мокрење.

Ноќничето содржи танини, флавоноиди, тритерпенски киселини и слуз. Од него е изолиран и ханерол, кој поседува антитуморска активност. Се употребува како народен лек, а листот како замена за вистински чај.

Ова повеќегодишно зелјесто растение со добро развиен ризом, високо е и до 2 метра. Стеблото обично е неразгрането, исправено, тркалезно, а листовите се прости, наизменично распоредени, елипсовидни, со кратки дршки или седечки. Цветовите се хермафродитни, собрани во повеќе зашилени гроздови и се отвораат од основата на цутовите кон врвот. Има 4 ливчиња на чашката, тесни се и црвеникави, а на цветното венче, исто така, се 4 со пурпурна боја. Прашници има 8, а толчникот е со жиг со четири резени. Плодот е црвеникава чушка која се отвора со четири капаци кои се свиткуваат наназад. Семето е со додаток за летање – долги бели перчиња. Цвета од јуни до август.

Од ноќничето Русите правеле напиток кој во Европа и Азија традиционално се нарекувал руски или уште попрецизно, копорски чај (по селото Копор, близу Петроград). Копорски – црн чај, се добивал со целосна или делумна фермантација на листовите на ноќниче. Во средината на 19 век бил толку популарен во Европа, што стигнал на второ место на листата на извозни артикли на тогашната Царска Русија.

Кралски лек
Грчкиот филозоф Теофраст од третиот век пр.не.е., автор на „Историја на билките“ во девет книги и „Потекло на билките“ во три книги, многу го ценел жолтото ноќниче (lat. oenothera biennis) и сметал дека коренот на ова растение ја намалува желбата за вино и друг алкохол. Растението oenothera biennis го почитувале и северноамериканските Индијанци и го користеле за исхрана и лекување на различни кожни болести, како и за зацелување на рани. Во 17 век, жолтото ноќниче стигнува и во Европа, а во Англија го споменуваат како универзален кралски лек.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>