Фармацевти
Контакт

<< Назад

Нов изглед на старата јакна

април 3, 2017

Џинс – секогаш во мода!Бојана Бугарски

Тексас јакната е незаобиколно парче облека како кај жените така и кај мажите. Таа може да се комбинира со сè. Темна, светла, широка, струкирана – тексас јакната дефинитивно нема конкуренција со години, па така ни оваа сезона

Најчесто се носи во пролет, односно во преодниот период кога надвор не е ни топло ни ладно. Доколку во орманот имате јакна која веќе не ја носите, а ви е жал да се разделите од неа, ние ќе ви помогнеме од истата да направите ново парче облека.

Ако ја сакате комбинацијата од тантела и џинс, еве вистински предлог за вас. Тантелата со окер нијанса ја сошивме по работ на јакната. Тантелата може и да ја преклопувате на одредени растојанија, погусто или поретко, доколку ви се допаѓаат фалти. Во позаментерија можете да најдете бисери на тил, кои ние во овој случај ги сошивме преку тантелата и како детаљ на малото џепче.

Покрај тексас јакната како незаобиколно парче облека, сè повеќе се носат и елечиња од тексас, исто така, интересно и не помалку популарно парче облека. Едноставно со ножички исечете ги ракавите, но така што ќе оставите неколку милиметри од работ. Поминете по тој дел со остар нож или скалпел и извлечете кончиња за да добиете ресички. Овој елек го украсивме со шпицести (бодликави) нитни, кои се сошиени на рамениците и џебовите.

Сега кога старата тексас јакна ја вративте во живот, кој стил и да го изберете или го преферирате, сигурни сме дека нема да останете незабележани, како во комбинација на џинс со поопуштен стајлинг така и со елегантен аутфит.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>