Фармацевти
Контакт

<< Назад

НОВ ШОРЦ ОД СТАРИ ФАРМЕРКИ

јуни 1, 2018

Единствено, убаво и удобно

 

Доаѓањето на летото е идеално време за фрлање на старата гардероба. Меѓутоа, некои делови од облеката со малку труд може да станат поинакви.

 

Автор Светлана Сушиќ

 

Понекогаш е доволно само малку фантазија и вешти раце за вашите стари работи и отпишани делови од облеката да добијат сосема нов изглед, а често и намена. Ќе ви покажеме како обичните стари фармерки можете да се преобразите во уникатен шорц или бермуди. Должината одредете ја сами, иако може да се случи и состојбата на фармерките, т.е. нивото на скинатост, ќе биде она што ќе го диктира правецот по кој ќе тргнат ножичките.

 

‒ Ставете ги фармерките на рамна работна површина (доколку немате соодветна маса, ова можете да го правите и на под. Во тој случај ви советуваме да ставите перничиња под колената додека кроите). Обележете ја линијата на сечење со кројачка креда, молив, фломастер...

‒ Исечете ги ногавиците (поради полесна работа прво исечете провизорно поголем дел од ногавиците, а потоа сечете полукружно до саканата должина). Пред сечењето на втората ногавица проверете дали мерките се поклопуваат.

‒ Исечете парче тантела која ќе одговара на големината и обликот на предниот џеб. Овој украс можете да го прицврстите со прошивување. Ако не сте вешти во користење на машина за шиење ист ефект може да се постигне со лепило за текстил.

‒ Измерете парче тантела која ќе биде украс за задниот џеб.

‒ Исечете го внатрешниот дел од задниот џеб така што нема да ги оштетите надворешните рабови.

‒ Ставете ја тантелата и фикирајте ја со некоја од споменатите техники по ваш избор.

‒ На предната страна на ногавиците со ножички исечете неколку паралелни линии. Рабовите на линиите можете дополнително да ги „расресите“ со помош на грицкалка за нокти. Оваа постапка можете да ја применете на сите сечени рабови за да добиете карактеристичен изглед.

‒ Предните џебови извлечете ги низ процепите и подгответе се за одговори на прашањето „Каде си ги купила, феноменални се?“

 

Лета, лета, лета... останува

Сите сме свесни за фактот дека не постои доволно голем гардеробер во кој би можеле да го сместиме сето она што можеби еднаш повторно ќе го облечеме. Почетокот на летото е време во кое би требало да извршиме детаљна инспекција на уредно здиплената облека и да решиме што ќе задржиме. Би требало да не реагираме импулсивно, во смисла „сега ова лета надвор“. Тоа може да биде практично решение, но така можеме и да останеме без некои убави и драги, а пред сè, многу употребливи парчиња облека. Затоа кон оваа работа пристапете рационално и ефикасно.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>