Фармацевти
Контакт

<< Назад

Нови видови живи суштества

декември 1, 2017

Според извештајот на Светската фондација за природа и бразилскиот Институт за одржлив развој, во текот на двегодишното истражување на Амазонија се пронајдени 381 нов вид и тоа 216 до сега непознати растенија, 93 видови риби, 32 водоземци, 20 цицачи, 19 влечуги и еден вид птица. „Сите новооткриени видови се наоѓаат во подрачјата во кои луѓето ја уништуваат Амазонија. Тоа докажува дека нашата економска активност ги доведува многу видови до истребување пред да дознаеме за нив“, пишува во извештајот на Светската фондација за природа. Амазонската прашума е најголема во светот и е прочуена по разновидноста на видови и живеалишта. Од 1999 до 2015 се откриени повеќе од 2000 нови видови.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>