Без оглед дали трудницата пред бременоста вежбала или не, задолжително треба да се советува со својот лекар, кој мора да одобри физичка активност во текот на бременоста
Телото на трудницата за време на бременоста е изложено на големи промени, па добрата физичка кондиција е многу важна. Затоа во подготовките за бременост се вклучуваат и соодветни физички вежби, за кои е потребна консултација со лекар, кој според анализите на здравствената состојба, треба да ја процени и физичката кондиција и да препорача соодветни спортско-рекреативни активности.
Дали трудниците смеат да вежбаат? Без разлика дали трудницата пред бременоста вежбала или не, задолжително треба да се советува со својот лекар, кој мора да одобри физичка активност во текот на бременоста. Генерално, за жена со нормално здравје, која има нормална бременост, физичкото вежбање и движењето се корисни за здравјето, но начинот, интензитетот и ритамот ги одредува лекарот кој ја следи бременоста. Исто така, многу е важно трудницата да се слуша себеси и да одржува умерен ритам на вежбање кој ѝ годи. Знаци дека треба веднаш да престане со вежбање се: болки, грчеви, несвестица, вртоглавица, главоболка и тешкотии во дишењето.
Вежби во бременоста: Ако лекарот одобри, одење и прошетка се идеална физичка активност, која треба да се практикува секој ден барем 30 минути. Интересни се и групните вежби, како јога за трудници или аквабик за идни мајки, но и за нив треба дозвола од лекар.
Корист од вежбањето: Дозволеното вежбање во бременоста е корисно од повеќе причини. Полесно се излегува на крај со зголемената телесна тежина, подобро се спие, циркулацијата се подобрува, се намалува евентуалната болка во грбот и отекување на рацете и нозете, а и породувањето може да биде полесно.
Што трудницата треба да избегнува: Пред сè, сите активности кои строго ги забранил лекар кој ја следи бременоста. Треба да се избегнуваат и спортови како: возење велосипед по нерамен терен, лизгање, нуркање, скијање, јавање и сè друго од што постои ризик од паѓање и удирање.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци