Фармацевти
Контакт

<< Назад

Одморот е важен за здравјето

јуни 1, 2017

Милена Исаковиќ

Некои луѓе мислат дека одењето на одмор е губење време па го занемаруваат, но тоа не е точно, бидејќи одморот е биолошка потреба на секој човек, важен фактор за зачувување на здравјето, подигање на имунитетот и акумулирање енергија.

Како што недостигот од сон може да предизвика многубројни тегоби и здравствени проблеми, така и недостиг од активен одмор, недоволно поминато време на чист воздух и во поинаков амбиент од секојдневниот во текот на годината, може за последица да има хроничен замор, исцрпеност, раздразливост и намалување на имунитетот.

Патувањето и престојот на некоја дестинација, било да е селски пејзаж, брег на езеро, река или море, или некој планински амбиент, го обновува нашето тело и дух, нè прави полетни и е клучен фактор за зачувување на здрвјето. Меѓутоа, дури и викенд-одморите по напорна недела се благотворни, бидејќи нè „прочистуваат“, доведуваат до подобрување на квалитетот на сон што поволно влијае на имунолошкиот систем, релаксирање на телото и го бистрат умот, ја зголемуваат одбраната на организмот од стрес и нè подготвуваат психички и физички за нови работни напори. Се разбира, под услов да не сме ги поминале пред телевизор, туку на природа и чист воздух.

Заминувањето на годишен одмор од една недела или повеќе е важно како за возрасните, така и за децата, бидејќи го отстранува насобраниот замор, го амортизира притисокот на работа на кој сме биле изложени, го отстранува секојдневниот стрес и нè регенерира.

Затоа со причина се вели дека правилно искористениот одмор не е никаков луксуз, туку неопходен дел на животниот ритам. Слободното време треба да се искористи за „полнење на батериите“ преку релаксација, прошетка, запознавање нови предели и знаменитости, дружење со семејството, спортски активности, како пливање, трчање, одбојка, кошарка, веслање и слично. Одморот го продолжува животот и подмладува, па затоа треба добро да се испланира и квалитетно да се поминат слободните денови. Тоа значи дека сонот треба да трае 7-8 часа, а вечерите да се планираат барем 3 часа пред спиење. Исхраната треба да биде неоптоварувачка, богата со овошје и зеленчук, а важно е да се мисли и на хидратација на телото и да се консумираат 2-3 литри течности на ден.

На заморниот организам во задравувањето му помага и релаксација, јога, дремење во лежалка покрај дрво, читање книги, па затоа угодувајте си додека сте на годишен, спијте без грижа на совест, забавувајте се, лежете и уживајте, бидејќи ќе се чувствувате подобро, и посилно, способни за сите работни и животни предизвици и обврски кои ве чекаат по враќање од патувањето.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>