Фармацевти
Контакт

<< Назад

ОМЕГА-3 МАСНИ КИСЕЛИНИ

октомври 1, 2018

Додатоците на исхраната даваат резултати

 

Медицината веќе со децении ја проучува лековитоста на омега-3 масните киселини и постојат валидни сознанија кои ја оправдуваат нивната медицинска употреба.

 

Автор: Душан Гољиќ

м-р по фармација

 

Научно се идентификувани три есенцијални омега-3 масни киселини чиј внес е неопходен за нормална функција на телесните процеси. Еикосапентаноичната (EPA) и докозахексаноичната (DHA) се масни киселини кои доминантно се наоѓаат во рибата, морските плодови и алгите. Алфа-линолеинската киселина (ALA) е примарно застапена во растителниот свет, ја наоѓаме во семето од ленот, семето од коноп или растителните масла.

 

Лековити својства

Доколку не внесуваме доволно омега-3 масни киселини преку храна, се препорачуваат додатоци на исхраната во договор со лекар или фармацевт. Ваквиот внес се смета за превентивен внес на омега киселини, првенствено како превенција од кардиоваскуларни заболувања.

 

Тераписки ефект

Студиите покажале дека внесот на стандардизирани количина од EPA и DHA има тераписки ефект кај превенција и поддршка во лекување срцеви заболувања, како што се миокарден инфаркт или аритмија, потоа кај зголемен крвен притисок, во терапија на хиперхолестеролемија, хипертриглицеридемија, како и кај ревматоидни заболувања како ревматоиден артритис.

 

Превентивно дејство

Најновите студии поврзани за педијатриската популација покажуваат дека кај децата кои имаат DHA во исхраната развојот на когнитивните функции е побрз. Исто така, додатоците на исхраната со омега киселини во бременоста може да придонесат за подобар развој на очниот апарат кај новороденчињата. Епидемиолошките студии од понов датум кои ја опфаќаат постарата популација го  доведуваат во врска земањето на омега-3 масни киселини како превентива за Алцхајмерова болест и депресија. Ова дејство е поврзано со намалена нервна дегенерација под дејство на активни додатоци на исхраната. Покажано е, исто така, дека земањето на DHA, EPA и ALA позитивно влијае на макуларната дегенција (старечко слепило), па можат да се најдат како компоненти во комбинирани препарати за оваа цел.

 

Значењето на индивидуалниот пристап

Стручњаците со години активно се занимавале со научни студии и заклучиле дека е пожелно да се земаат омега-3 масни киселини во текот на животот. Производите на база на овие киселини често можат да предизвикаат мачнина или непријатен вкус на риба, а, исто така, можат да реагираат со некој од лековите во терапијата. Затоа, за точен совет за тоа колку ви се потребни омега-3 масните киселини, посоветувајте се со здравствен стручњак.

 

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>