Во последните две децении бројот на загубени торби на авиолетовите се намалил за половина. Тоа е добра вест, особено ако земеме предвид дека во истот период е удвоен бројот на патници. Лоша вест е што сè уште околу 25 милиони торби годишно завршуваат како загубен багаж. Европа стои најлошо во оваа статистика, со оглед на тоа дека во овој дел на планетава просечно се губат 7,29 торби на 1000 патници. Подобра е ситуацијата во Северна Америка со 2,85 изгубени торби на ист број патници, додека во Азија таа бројка е 1, 77. Сè повеќе компании воведуваат обележување на багажот со RFID испраќачи со чија помош е олеснето автоматското следење на торбите. Паралелно со ова некои компаниии нудат и апликации со чија помош на својот мобилен телефон можете да ја утврдите точната позиција на својот багаж. Некои од патниците самостојно поставуваат ГПС уреди во своите торби и на тој начин го следат нивниот пат.

basketball jerseys cheap