Фармацевти
Контакт

<< Назад

ОПСТИПАЦИЈА

јануари 26, 2016

[vc_column width="1/1"]

Лекување запек

Бојана Бугарски

Недоволното и отежнато празнење на цревата, нередовен и тврд измет помалку од три пати неделно, се јасен знак на запек или опстипација, и аларм за посета на лекар, кој треба да утврди дали е пореметен само ритамот на празнење или пациентот има и други здравствени тегоби

Симптомите на опстипација или запек се пореметен ритам на празнење на цревата, болки во стомакот и малата карлица, подуеност, засилени гасови, губење на апетитот, изнемоштеност, а можат да се јават и крв и слуз во изметот, главоболка и вртоглавица.

Хроничната опстипација или запек се смета за едно од најчестите здравствени проблеми на денешницата, кој добива размери на епидемија. Секое второ лице барем еднаш во животот се сретнало со овој проблем, кој може да биде последица на невролошки, ендокринолошки, метаболни, социјални и психички фактори. До запек може да дојде и како резултат на долго лежење поради болест или повреда, а можат да го предизвикаат и некои лекови.

Современото брзо животно темпо, секојдневните стресни ситуации и неправилната исхрана (консумирање брза храна, индустриски месни преработки, шеќери, бело брашно), како и одложување на празнењето на цревата кога организмот бара, исто така, доведуваат до запек.

Дневното консумирање два и пол литри вода, и храна богата со влакна, како и секојдневното движење и вежбање, се први чекори во лекување на опстипацијата. Ако ни по три месеци не дојде до подобрување, време е за помошни лековити средства, кои може да се набават во аптеките и за кои треба да се посоветувате со фармацевт. Во случај во изметот да има крв или слуз, веднаш посетете лекар.

Нормално празнење на цревата: Распонот на нормалното празнење на цревата се движи од два до три пати на ден и еднаш во три дена, а идеално е кога сето тоа се случува секој ден, наутро.

Терапија: Во повеќето случаи опстипацијата се коригира со консумирање овошје, зеленчук, грав, сочива, грашок, интегрални житни растенија, трици, суви сливи, урми и витамини од Б-комплекс и магнезиум. Помага и минерална вода богата со магнезиум, како и јогурт со пробиотици. Веднаш по будењето треба да се испијат две чаши млака вода на празен стомак, бидејќи водата благотворно влијае на перисталтиката на цревата. Може да се користат и напитоци за прочистување на цревата на база на лен: две лажици сомелен лен да се размати во чаша вода, сок или јогурт и да се испие. Напитокот со ленено семе треба да се користи секојдневно.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>