Фармацевти
Контакт

<< Назад

ОПСТИПАЦИЈА

септември 1, 2019

Сигнал за промена на навиките

 

Намалената активност на цревата и проблемите со варењето на храната се чест проблем со кој се среќаваат голем број пациенти.

 

Автор Владимир Пантиќ

 

Модерниот начин на живот кој вклучува недоволно движење и физички активности во комбинација со неправилни навики во исхраната, доведува до бројни здравствени потешкотии и претставува основа за настанок на сериозни здравствени пореметувања.

 

Што е опстипација и како настанува?

Со овој термин е опфатена низа на пореметувања во варењето кои вклучуваат нередовно празнење на цревата, тешкотии при празнењето на цревата, болка во стомакот, подуеност, чувство на нецелосна евакуација на содржината од цревата. Опстипацијата не се смета за болест, туку за симптом.

Во случај на опстипација настаната поради несоодветна исхрана, лоши животни навики, различни емотивни реакции и психички пореметувања, зборуваме за функционална опстипација. Со отстранување на причините доаѓа до подобрување и воспоставување нормален ритам на празнење на цревата.

Различни видови здравствени проблеми на цревниот тракт, како израстоци, тумори, воспалителни процеси, стеснување на анусот или ректумот, може да бидат причина за органска опстипација. Нормалното поминување на храната е оневозможено како последица на механичка опструкција или како последица на пореметувања во нервните импулси кои ја регулираат перисталтиката. Од голема важност е и доколку се консултирате со лекар и фармацевт за начините за решавање на овој проблем, секогаш да ги наведете сите лекови и помошни лековити средства кои ги користите.

До опстипација може да доведат и промена на местото на живеење, промена на годишните времиња, бременост, стрес, промена на начинот на исхрана и вообичаениот дневен ритам.

 

Мерки на превенција

Би требало да се избегнуваат брза храна, масни и презачинети јадења, напитоци на база на кофеин, долго седење, одложување на одење во тоалет. Внесување доволна количина течности секој ден има поволни здравствени ефекти. Можна е употреба на растителни чаеви и лаксативи, но за тоа задолжително морате да се консултирате со својот фармацевт. Редовното вежбање и секојдневните лесни прошетки се задолжителен дел од превентивните мерки.

 

 

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>