Фармацевти
Контакт

<< Назад

ОРАЛНОТО ЗДРАВЈЕ Е ВАЖЕН ФАКТОР ВРЗ ЦЕЛОКУПНОТО ЗДРАВЈЕ НА ЧОВЕКОТ

мај 1, 2017

Mладен Димовски
д-р по дентална медицина
(консултант за орално здравје)

САМО  ЧЕТКАЊЕ НЕ Е ДОВОЛНО

Оралното здравје е важен фактор кој влијае на  целокупното здравје на човекот. Сепак, и покрај големиот број расположиви и достапни превентивни мерки,  воспалението на непцата (гингивитис) и понатаму во одредена мера се јавува кај 90 % oд популацијата. Доколку оваа состојба  не се лекува, може да напредува до сериозно заболување познато како пародонтопатија. Забниот плак е водечка причина за воспаление на непцата, неговата контрола е клучна за одржување на доброто орално здравје. Но, сепак, високиот процент на оралните заболувања во светот покажува дека моделот на  орално здравје кој е „доволно добар“ остава простор за подобрување на дневните навики во оралната нега. И додека постоечките препораки за домашна орална нега се насочени кон миење заби и интердентално чистење, клиничките студии укажуваат  и ги вклучуваат корисните ефекти на течностите за испирање уста кои содржат  есенцијални масла како оптимален метод за антимикробна контрола на наслагите во биофилмот.

Четкањето  на забите и други механички методи на интердентално чистење го отстрануваат плакот од површината на забите, таа површина сочинува само 25 % од оралните површини кои се изложени на бактерии.

75 % од усната празнина има ограничена корист од механичкото чистење, и тоа:

- површините помеѓу забите,

- собраните бактерии во задниот дел од јазикот и образите,

- областите близу под работ на забното месо.

Овие  делови на усната празнина можат да служат како резервоар на бактерии кои од таму можат да се таложат на забните површини. Без оптимален режим на орална нега, овие бактерии можат да се развиваат до комплексни 3D колонии – наслаги во биофилмот во рок од неколку дена. Акумулацијата на наслаги во биофилмот го зголемува ризикот од забен кариес, воспаление на непцата и периодентални заболувања.

Бројни  анкети  за орално здравје покажуваат:

Сите овие факти му даваа уште поголемо значење на протоколот „четка +конец +течност“ како столб на оптималното орално здравје.

КЛИНИЧКИ ФАКТИ
Била спроведена клиничка студија на 1600 пациенти во траење од 1 година, во која во првите 6 месеци пациентите биле вежбани и мотивирани да одржуваат орална хигиена со четкање и користење забен конец. Резултатите  во првата половина од студијата покажале високо ниво на орална хигиена, но веќе во следните 6 месеци кога  истите пациенти биле оставени сами да се грижат за својата орална хигиена  бил забележан пад на постигнатото ниво од првите 6 месеци на студијата. Било утврдено дека кај најголем процент од пациентите опаднала мотовацијата за секојдневно  ефективно четкање и користење конец и токму тука  била согледана потребата за дополнување на секојдневната рутина на хигиена на усната празнина со течности за испирање уста.

Други клинички студии покажале дека со користење течности за испирање уста значително се намалува застапеноста  на плак и се подобрува здравјето на забите и непцата и тоа:

– за 52 %  ја намалува вкупната застапеност на плак во усната празнина во однос на резултатот од исклучиво четкање со забна четка и чистење со забен конец,

– за 21 %  ја намалува честотата на гингивити во однос на резултатот со исклучиво четкање со забна четка и чистење со забен конец.

ПОБЕЛИ ЗАБИ
Убавата насмевка e важна за секој човек, особено кога секојдневниот живот е поврзан со средби и контакти со други луѓе. Во денешно време постојат голем број методи и третмани со кои вашите заби би биле побели, а вашата насмевка посјајна.

Еден од најсигурните методи за белење заби е во стоматолошка ординација, каде со професионален третман од страна на стоматолог се постигнува високо ниво на избелување на забите. Во најголем дел  за избелување на забите стоматолозите користат средства на база на „пероксиди“ со кои треба да се биде особено внимателен при употреба. Од друга страна, пак, постојат голем број средства (пасти, гелови, течности) кои пациентите можат да ги користат во домашни услови. Дел од овие средства користат, исто така, „пероксид“, кој  понекогаш може да биде и доста агресивен и да придонесе за подоцнежна сензитивност на забите. Но, постојат и такви средства чиј механизам на дејство  со помош на „полифосфатна технологија“ ги раскинува површинските  електростатски врски помеѓу дамките од надворешната средина и пеликулата на забот, при што овозможува безбедно избелување на забите и блескава насмевка.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>