Фармацевти
Контакт

<< Назад

Ослободување од болки во мускулите и зглобовите

јуни 1, 2017

Летото наближува и  по пасивниот  период и заседнат начин на живот, амбициозно ја бираме омилената физичка активност  и трошејќи ја и последната капка енергија вежбаме до исцрпеност. Ефектот од  исцрпното вежбање доаѓа наредниот ден, кога болката во мускулите ќе нè потсети дека требало  постепено да го зголемуваме интензитетот на вежбите. Но, ова е само една од причините за појава на мускулна болка или мијалгија. Болки при движење, напнатост, болки во вратот, болки во грбот, ишијас, ревматски болки или болки поради повреди,  ни се добро познати состојби и скоро секој во одреден период од животот  ги почувствувал.

Мускулното ткиво е распространето  скоро во сите делови на телото и овој тип на болка може да се почувствува практично насекаде во телото.  Доколку мускулната болка се јавува како резултат на стрес, напрегање или физичка активност, истата не е алармантна и може да се намали и ублажи со користење на гелови со противвоспалително дејство. Искуствата  се најразлични, некогаш е потребно интензивно ладење на местото, додека во други случаи е потребно местото да се излади, за да се намали воспалението, а потоа веднаш  да се затопли за да се зголеми крвотокот во болната област. Топлината истовремено помага да се намали  болката во зглобовите.

Во смирувањето на овие состојби, приматот го имаат природните растителни  масла и  би било убаво  доколку кремите во себе содржат нивна комбинација. Главната работа во намалување на болката ја врши ментолот, кој ја има улогата да врши интензивно ладење и да го зголеми прагот на осетливост кај локалните рецептори. Зимзеленката има аналгетско и антиинфламаторно дејство, лавандата и бергамотот смируваат и ладат, додека маслото од бор ја активира циркулацијата, а рузмаринот загрева и дејствува антиинфламаторно. Маслото од портокал смирува и го воспоставува еквилибриумот во мускулите.

Значи, има начин сите спортисти, ентузијасти и активни луѓе да продолжат да се движат без болка, да уживаат во животот, да уживаат во вежбањето и да не се откажуваат од  остварувањето на своите цели. Едноставно, усогласете ја физичката активност и изберете го соодветниот гел за да му потпомогнете на вашето тело. Keep moving e слоганот зад швајцарскиот бр. 1 бренд на гелови Perskindol наменети за локална терапија на болни места во мускуло-скелетниот систем. Нивниот состав е потполно природен, без парабени и претставува комбинација од растителни масла.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>