Фармацевти
Контакт

<< Назад

Остеопороза: кои вежби се најдобри за превенција?

септември 29, 2015

[vc_column width="1/1"]Игор Тица

За спречување на развој на остеопороза никогаш не е прерано, а за борба против самата болест никогаш не е предоцна

Остеопорозата е хронично и прогресивно пореметување на коскениот систем, со карактеристики намалена коскена маса и промени во структурата на коските, што за последица има зголемен ризик од скршеници. Од оваа системска болест страдаат околу 10 насто од луѓето, од што 90 насто се жени, а само 7 насто се мажи.

Остеопорозата се дефинира и како болест која почнува во раната младост, а се презентира во постара животна доба. Поради тоа се вели дека „за спречување на развојот на остеопорозата никогаш не е прерано, а за борба против самата болест никогаш не е предоцна“. Коскената маса се развива до 30-тата година, па за идната цврстина на коските најмногу може да се направи во младоста. Тоа се постигнува со здрав начин на живот, кој подразбира и секојдневно вежбање. Се препорачува физичка активност на свеж воздух, брзо одење, нордиско одење, но и танц, таи чи и пливање. За превенција треба да се вежба барем три пати неделно по половина час во континуитет, или три пати по 10 минути. Епидемиолошките студии укажуваат на помал број скршеници на колковите кај активните жени, за што придонесуваат и вежбите за координација, рамнотежа и мускулна сила, кои се добра превентива за избегнување на паѓања, односно ублажување на трауми при пад.

ВЕЖБИ ЗА КООРДИНАЦИЈА СО СТОЛ:
1. Стоејќи, придржувајте се за наслонот на столот и подигнете се високо на прсти, па спуштајте се, десет пати.
2. Стоејќи и придржувајќи се за наслонот од столот, испружете и затегнете го стапалото и подигнете ја испружената нога во страна до 45 степени, останете во таа положба 5 секунди, па вратете се во првобитната положба. Вежбата повторете ја по 10 пати со секоја нога.
3. Застанете бочно покрај столот и придржувајте се со едната рака за наслонот. Испружете го стапалото и затегнете го, па подигнете ја свитканата нога во коленото, кон горе, колку можете, малку задржете ја таа положба па вратете се во првобитната. Вежбата повторете ја 10 пати со секоја нога.
4. Седнете на столот со исправен грб, стапалата држете ги на под, рацете покрај телото. Подигнете ги испружените раце во страна до висина на рамената, останете така 5 секунди, па опуштете. Повторете 10 пати.
5. Седнете на столот со исправен грб и придржувајте се со рацете за седиштето. Со затегнато и испружено стапало, ногата свиткана во колено подигнете ја колку можете, задржете 5 секунди, па спуштете. Повторете 10 пати со секоја нога.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>